Во свекрви и снаи зошто упорно некој пишува на темата за која вчера модератор пиша да се прекине? Едни мислења бришете, други оставате.
Како да избришам некој да не ме следи на форумов? И како да знам дека ми е заклучен, да не го гледа секој? Пример ако не сакам било кој да ме следи
Е добро е да се среди тоа. Видов дека член се зачленил и ме заследил само мене, никаква активност нема на форумов негова, најверојатно само за да ми ги види моите содржини. Не е во ред тоа, треба да има опција за согласност за следење.
Ако се подеси да ви гледа, контактира и сл., некој кој само вие го пратите, не се решава тој проблем? Или ова е пропуст? Оти мене многу работи ми се наредени да можи да ми пишат ( претходно, не сега), гледаат содржини и сл, само луѓе кои јас ги пратам, безразлика дали тие мене ме пратат.
За пишувањето така е, следењето е отворено за сите. Не дека незнам шо има за следење ама крипи е, некој со нула активност, зачленет вчера, те заследува само тебе Башка Маричиќ рече- демнење е кривично дело
Отштиклирај ги овие две во прилагодувања и нема да може да ги гледа. Или стави само за тие што ги следиш.
Тоа е само за профилот. Пак ќе можат да читаат се' што пишуваш и да те заследуваат, дури и да не пишале ни еден пост. И мене ме следат и такви. Следев неколку членови на почетокот, ама пошто мора триста пати да кликнам за да стигнам до таа содржина, престанав да следам.
Под нив е тоа да не можат да следат што лајкуваш. А за тоа каде пишуваш, секако, секој може да види со 2 клика на срч или мислењата, не мора да те следи. Јавен форум е, сите мислења се јавно достапни.
@RainBow шо е со темана на руски во корона подфорум Дури страв ми е да ја отворам, оти може да видам и да закачам нешто што не ми треба Ме мрзи да пишувам лп, извини, многу жешко...
Ваљда за тоа мора да кликнеш на линк постиран некаде во воведот или темата. Ти Биљо со овие линковите што ги ставаш по темите којзнае што податоци ни имаш собрано Може и ИП
Којзнае, којзнае , све е могуче Дури не добиете писание дека си наследник на принцот од могадишу, у реду е Мене и тема од непознат сторител ми е страв да отворам, шо е сигурно сигурно е
И јас не ја отворив, ама не од страв дека ќе ме откријат туку оти знаев дека ништо нормално не е. Ама буквално секој еден ден некој спамира со тие темите Којзнае што линкови има по тие
Тебе за откривање ли ти е? Абе ја ако налепам некој рансомвер и ми го блокира таблетот, војна дома ќе се деси, ќе нема детето играчка.