Би требало тие што не се активни членови и се само за следење да се бришат. Мое мислење е тоа, зашто некој кој има нула мислења да е член.
А што ти пречи ако некој те следи? Може нешто посебно да види следачот? Прашувам зошто и јас имам релативно многу следачи овде, од кои дел не ги имам никаде сретнато
Ова би било добро да се воведе ако некогаш направат апдејт на форумов(што исто би било добро оти одамна не е апдејтнат). Spoiler Ама,тоа може во друг универзум.Во овој тешко да го направат тоа.
Па нели е ептен крипи некој да прави профил за да те следи што пишуваш, а при тоа да не е активен на форумот и да не следи никој друг туку само тебе.
Треба да има некакво ограничување за нови членови. Како што на нов член му се потребни 100 мислења за да го гледа Скриено Катче,така треба да му е ограничена и можноста за следење членови.На пример,да има минимум 50 мислења за да може да следи членови.
Ќе напука 100 мислења некој во 1 ден. Ако некој се запнал да те следи така ништо не решаваш. 50/100 мислења не се ништо, у една категорија на форумов се прават. Туку најдобро (ако е можно) е да се направи да не може никој освен взаемни следачи да ти чита што пишуваш. Нормално да си стојат мислења по темиве, ама некој специфично да ги чита твоите да не може. Е сеа пошто сум цреп невиден за ИТ, не знам колку е возможно тоа. А и сум кажала, тешко на тој што се запнал мене да ме следи, кај ме нашол, кај ме запустил. Просечен просек, жими троа хумор што имам во мене и најбејзик живот. Literal white trash. Кешки да имав нешто интересно за сталкање Работам, искачам и мавам канцероген хумор на форумов. Е толку е И да, може да си воведете блок исто како на фб, инста и слично. Ако вака некој вознемирува членки, нека имаат можност да го блокираат тој член. @Celltica никако вознемиравање на членки Биљо те сакаме, не прекинувај да не лајкаш, без лајкови ќе останам
Никогаш не ја разбрав потребата за следачи на форумов. Мислам дека е стварно некорисна алатка. Зошто некој или пак јас би гледала каде тој и тој коментира и што му се допаѓа? Јас лично до сега ниту еднаш не сум ја искористила. Мој предлог е да се тргне целосно.
Не мора некој да ве следи за да ви ги чита мислењата. Доволно е да ви кликне на бројот на мислења, или да ве срчне. Не знам како и може да барате да не ви ги читаат мислењата на јавен форум. Тоа и е целта, секој да може да ви ги чита. Лајковите може да се сокријат, да ги гледаат само тие вие што ги следите, или никој. Ама пак, ако некој сака, ќе оди по форум, ќе прегледува теми, мислења, лајкови на мислења и ќе ве следи кога сте лајкнале нешто. Крипи, ептен. Го искусив и тоа...
Е то е друже, кога си Идол Појма немам ни кој ни зошто ме следи, ама уште еднаш баба не оди по дренки Spoiler: односно во другата наука Сепак, ќе се трудам да не лајкам, сега кога ме потсетивте...а до утре ќе забораам сигурно Чек да видам како се кријат лајкови Кај се праи тоа бе БилиБој?
Окау е тоа, јавен е форумот нормално секој може да ги чита мислењата, ама специјално да се зачлениш за да ги читаш мислањата на некој, па што љубопитност ќе беше тоа, ама не ме изненадува. Ако ме препознаеш која сум во ред, ама да ми ги читаш по ред мислањата мислам , или некој па се препознал и си викаа аа те фатифф сега хе хе хе .
Боже боже ама сте станале параноични.. чил.. Божем сте доналд трамп па пукнале да дознаат дали сте ги лајкнале на некого сликите во ФИ или сте лајкнале дека некој (не)поддржува геј паради.. Големо чудо..ретко на кого му е гајле.. Јавен форум..јавни мислења и ставови..
Можете во приватност да подесите сите работи да ги гледаат само членови кои ги следите и завршена работа.