Општо?? па што знам што можам да ти кажам...освен -прво и основно прочитај го правилникот потоа разгледај ги категориите, во секоја кетегорија, има теми од таа област -во самиот десен ќош горе имаш опција за пребарување -доколку сакаш некое мислење да пијавиш имаш ! на самиот пот, доколку сакаш своето мислење да го поправиш имаш копче редактирај, а доколку нечиво мислење ти се допаѓа или пак сакаш да му се заблагодариш имаш копче ми се допаѓа -копчето редактирај ти е активно 30мин. по пишувањето на постот, значи гледај да немаш еден по друг пост во иста тема -исто така имаш можност за лични пораки -да не се чудиш, значи постовите од форумските игри и кафе муабети не се бројат -пишувај си на кирилица,како и до сега .....друго нешто незнам што посебно би можела да те упатам, ако треба нешто пиши. Сега ти посакувам убав престој на форумот и се гледаме низ темите
Кога сакаме да пријавиме мислење наведуваме причина: дали модераторите и администраторите ја гледаат причината, дали е наведена во известувањата? Дали модераторите и администраторите гледаат кој го пријавил мислењето? И дали некоја тема може да се избрише и да ја нема ни во канта? Кога е заклучена може да се најде, ама неколку теми ги нема воопшто. Дали се избришани трајно?
Имам прашање за темата Ми личи на ... блокирана ми е до одредена страна, понатаму не ми отвара. Не знам што е проблемот ?
Дали порано имало можност кој сака да си го смени корисничкото име? Дека прочитав за 3 случаи такви, па ме интересира
Колку што сум ја упозната со ова, процедурата е покомплицирана отколку да мењаш вистинско име. Треба да и пишеш на Билката па таа да ти одобри. А бидејќи не добив одговор скопчав дека не може и не треба. Тие што смениле, смениле, фатиле возот. Јас и пишав али не ми одговори, така се помирив со ова моево име изведено од најупотребуваната придавка. Иииии да прашам зошто не ми ја отвара 960 страна од СДК, пробав секако ама нејќе па нејќе, и мислење испратив и не ми отвара. Може ли да знам зошто и дали воопшто е технички проблем или е до моево техничко помагало?
No name6 корисничкото име не може да се промени, а профилот не може да биде избришан, ако не сакаш да го користиш можеш само да престанеш да пишуваш.
Кликаш цитирај на првото мислење кое сакаш да го копираш. После одиш надолу со маусот и имаш преглед на уште неколку мислења. Кај секое од нив имаш опција цитирај. Само кликаш на неа. Ако пак се неколку страни наназад, тогаш отвори ја темата во повеќе прозорчиња, цитирај едно по едно и копирај ги во едно мислење. Јас вака правам.