Зошто се толерира упорно онаа со трите деветки? Секој пост и е, дека оние што се вакцинирале ќе умрат. Знаете колку тоа само грдо и застрашувачки звучи? Вади од ракав ситуации, со цел, т.е не знам ни што и е целта. Преку таквото од таквите ко неа.
Сериозно нема никаква санкција за членот со деветките кој во темата ,,Вакцинирани, а сепак позитивни" упати навреди кон член со анксиозност? И покрај целото спамување и конкретно случката од денес? Само избришани мислења?
Мислам дека со врски е тука Нешто ради квалитет на дискусија И Дангел и Селтика ги снема ради нејзе. Мора да е со врски
Табла немаш бришено во школо? Се зафркавам, може ќе им текне да бришат и банираат кога ќе има повеќе оф топици по форумов.
Зошто Селтика? Еден квалитет на дискусија, постовите и се бљувотина во епски размери (на онаа мислев)
Секако, ќе не банираат мене и тебе Главни бељаџии Ќути да не те банираат и тебе стварно, после дефинитивно ќе го прогласам забавноста на форумов за умрено Е незнам зошто Селтика ама и таа изгуби живци и ја снема @GrimTheReaper .
Селтика не е банирана @Biljarkata ме прочитала, Селтика има попаметна работа него да читам некои гореспоменати ликови. Многу се намножија. Кул ликови има на форумот, ама некако се помалце ги има по темите и не можат од другиве на ред да стигнат, па испаѓа пола форум треба да игнорирам. Останете ми сите во добро здравје
Океј, предупредена е членката дека ќе следува бан доколку се продолжи исто. Имаме толеранција, ама и граница. Вратете се на темите.
Зошто не пратите едно пусулче во вид на известување кога бришете коментари? Го урнисувате форумот вака. Стојат цитирани избришани мислења на одредени членови.
Често се прашува за ова,ама џабе. Само вака се доаѓа до одговор. А,ако одговорите на цитираните избришани мислења се во склоп на темата и не содржат навреда,не е проблем што стојат.
Проблемот е што немаше никаква причина да се бришат мислењата, бидејќи не беа надвор од темата. Инаку не содржат навреди ниту избришаните мислења , ниту мислењето што стои.
Ама како да прашам зошто ми избришале ако воопшто не сум свесна дека избришале? Не можам јас по цел ден да листам и да проверувам дали ми стојат мислењата.
Не секогаш модератор има бришено. Се случува во определениот временски период што е дозволен, самиот член да си избрише мислење, иако веќе е цитиран од други членови. И затоа неговото мислење го нема, а цитираните стојат. Инаку модератор кога брише кога има причина за бришење не верувам да ги има оставено одговорите на мислењето кое го избришал.
Благодарам за одговорот. Инаку за две мислења се работи од различни членови. Мала е веројатноста и двата члена да го избришат своето мислење. Еве ако ме читаат тие членови нека одговорат ако го избришале својот коментар.