Провери во опциите на пребарувачот ако си од телефон, јас од мојот имам опција night mode, што ја прави црна позадината. Е преку ден на јака светлина не е баш корисно, ама за навечер е ок. Не само за форумот, општо. Мене ми е ок, иако ретко ја користам. Од компјутер немам таква опција на пребарувачот.
Dark mode ми е пребарувачот ама тоа не ги менува страните што ги отварам, си стојат какви си се оригинално.
Да за тоа зборат и мене многу ми смета, сум пробала и после очите ми треба време додека ги вратам во нормала, ко да ослепувам со црна позадина и бел текст.
@WildMk , @cresa-jagoda Мене dark mode ми е поарен за очи.Еве со опција во browser-от. Убаво би било на самиот форум да има dark mode за оние на кои им одговара.
Само од портокаловата линија нагоре станува црно ако одбереш dark mode за пребарувачот или конкретно за Chrome.
Мене многу ми смета, за читање ептен заморно е бел текст на црна позадина. Сите апликации ми се со light mode дури и навечер (само со скроз намалена светлина).
Фала многу. Кај мене не работеше туторијалот што си го ставила, изгледа се изменети имињата на flags, ама со ова: chrome://flags/#enable-force-dark успеав да го вклучам.
Мене и телефонот и лаптопот ми се во dark mode, поубаво нешто амин Особено добро е за телефонот пошто на Амолед екрани црното не свети, само другите бои светат фактички, и ем помалку батерија ми троши, ем многу подобро навечер за читање, ем ми е естетски поубаво
Исто. Уште фемина ми фали да има dark mode, тука највеќе ме болат очи од белата позадина некако. Со dark mode ми е супер ноќе особено.
@RainBow треба да се зачисти форумов од членки кои цело време навредуваат јавно и во лп. Пример @Traveler91 ги премина сите граници. А и не е лошо да има модератор во корона темите. Сите граници се поминати од некои членки. Ќе поставев лп од пред малку ама ќе ми бидат избришани а нема да се санира.
@RainBow Може самата да увидиш дека враќам со навреди само кога ме навредуваат, така да види какви секојдневно нервозни особи имаш во форумот и те молам направи нешто.