Па за тоа се ставени модераторите да опоменуваат и да отстрануваат членови што не знаат да комуницираат. Да форумот е за забава, ама некој многу лично се си сфаќаат. Ако сум се приклучила на форумов за забава не значи дека некој треба да си ги лечи со мене фрустрациите тука на форум.
Nope. И од еден може да почне и тоа ако си каже што мисли и 100 да му се фрлат. Врз една невина овца 100 волци.
Ако премине во напад и цитирањето е само за сеир, најпаметно е игнорирање. Нема да се задоволени ,,напаѓачите" .
Форум е,ама има правила. А,модераторот треба да модерира.Не да се смее и да држи страна,туку да опоменува и да банира доколку има потреба. Повеќето не си вршат задачата правилно.
Не е дека ова не се случило. Имало моменти кога не сум била присутна подолго и отишла во неповрат дискусијата со навредите. Не е убаво верувај. Вистина е и дека во последно време има доста тензии, баш во еден ваков момент беа објавени прпораките за однесување на форумот, кои би било убаво пак да се прочитаат. Ако некој ве навреди, наместо да возвраќате со навреда само пријавете и прескокнете, не губете време да враќате. Сите губиме така време. Напишете мислење без оние мали додатни забелешки, ама не си ти крива, толку ти е капацитетот, и еден куп други вакви пропратни забелешки кои само водат кон потешки навреди. Ако на некој сметате дека не треба да му се реплицира не реплицирајте. Или објаснете го она што мислите дека е сфатено погрешно, без притоа да инсинуирате колку сметате дека е глупава другата страна. Се надевам наскоро ќе ја стабилизираме ситуацијата сите заедно, па нема да има потреба од подрастични мерки.
Јас несакајќи еднаш оставив ова да се случи во една тема во секс. Не сакаш да знаеш до кај отидоа навредите. Ама ете не можев тие 3-4 саати да бидам онлајн.. доволно им беше тоа време за околу 30 страни... Верувај, подобро е кога се пресекува од почеток дискусијата. Најдобро е да се пријави мислењето и да се воздржат членовите од коментирање. Игнор..
Пријавувам. И се согласувам дека треба сите да пријавуваат. Тука научив дека ако се впуштиш во објаснување, само ќе ескалира
Зашто вака одеднаш ми изгледа полето за одговор? Ми ги нема емоџите, опциите за спојлер, обработка на текст, прикачување линкови итн.
Не ти се учитало како што треба. Може да е до твојот интернет или до серверот на фемина. Учитај го одново.
Дали можам да тргнам некој што ме следи? Ме заследуваат луѓе, ама не знам што значи тоа. Ќе имаат увид да чачкаат по профил, мислења, теми итн?
Да може да чачкаат, не може да ги тргнеш. Едит: @Ljubova сега видов, не може да ти го гледаат профилот иако те следат.
Мислењата може секој член да ти ги види и без да те следи, а податоците на профил можеш да подесиш во Приватност да ти ги гледаат само тие кои ти ги следиш.
Да ама кога одам пример кај некок член на профил, не можам да видам каде пишувал, можам да видам мислење само ако начекам во некоја тема. Чепкав по подесувања, ама прашањето ми беше дали со тоа што ме следи добива право да гледа список на мои мислења. Фала за одговорите. Едит еве кај тебе ми вика. Како да знам дека и другите гледаат вака кај мене Фемина Форум - Грешка Овој член има ограничување за тоа кој може да го гледа целиот негов профил.
Кога ќе кликнеш на аватарот или корисничкото име од профилот излегува ова Кога ќе кликнеш на бројот на пораки, излегуваат сите, почнувајќи од последните. Тоа може секој член да го види.
На секој можеш да му ги видиш постовите. И на тие што им се 'затворени' профилите Кликни на бројката и ќе ти излезлезе хронолошка листа со сите постови на тој член.