Џабе по 100 пати се поставува истото прашање.Одговорот секогаш е дека не може да се избрише оти дискусиите нема да имаат смисла.
Од правила на форумот: Можете да побарате бришење на вашиот профил, при што: Сите ваши податоци ќе бидат трајно избришани од вашиот профил и од нашите сервери (име, пол, датум на раѓање, локација, професија). Профилот нема да постои повеќе, односно нема да може да биде разгледуван од останатите корисници. Профилот нема да може да се врати назад. Содржините јавно објавени преку профилот ќе бидат означени со псевдоним од типот „Избришан корисник 123456“.
Цк Друга. Ако и се спомне името, следи бан. Не ми е страшен банот, ама не ќе можам да се пофалам за бепка
Во правилата за форумот не пишува кое име не смее да се спомне. Или да не е тој од Хари Потер што не му го кажуваа името.
Јас побарав пред година одприлика. Не бришат постови, освен ако не тргнеш правно да го решаваш проблемот.
Постови не, ќе стоеле под псевдоним, само профил. Ми се чини апдејтирано е во поново време ова правило, ако не грешам
Глупо е скроз. Постовите законски припаѓаат на тој што ги пишувал, не на форумот. Во самите правила им стои:
Па читав коа се крена џева околу неа. И кога и да се спомнеше нејзиното име одма се бришеа постови, следеа банови.. Голема беше. Поготово ако се споменеше у темата МЈФ. како бела мечка беше заштитена