Стојат постовите на банирани членови. А чекајте, викате дека коментарите останувале ако се избришел профилот. Епа која е поентата на бришењето ако остануваат коментарите?
На оваа мислам дека и коментарите не и стојат. Ни под назив непознат корисник. Во рок од 24 све магично исчезна.
Малку нема смисла. Тоа всушност не е бришење на профил. Правилото гласи: Тоа му иде како баниран, да не може да се најави веќе т.е. да го користи профилот. Бришење се знае што е... И да, сигурна сум дека може комплет да се избрише, само не сакаат. Еве ова е тоа: Веројатно имало и повеќе од еден ваков случај, да се избрише сосема, се'. Мислам дека знам на која личност мислиш ама не сум сигурна. Како и да е... Нема за сите така.
Сите знаеме која е, ама ќе си молчиме.. За здравје, благосостојба и долговечност на нашите фемина профили мора да се молчи...
Па вчера се пишуваше за жената во мјф. Јавна фаца е или не? Не е фер едни коментари да се бришат, други не.
Еве за ова прашам. Значи кој е условот, бараш да те избришат само или уште нешто треба? За госпоѓата што не и се спомнува името не зборувам, тоа е тајна.
Не го пишува username-от, и не знаеш кој пишал. Така има на кајгана. А може и цел скроз да се избрише.
Подоле е цитирано мислењето и се гледа која членка е. Ако не се лажам таа членка бараше сега скоро да и се избрише профилот заради тоа што открила детали за брат и, па некои луѓе го злоупотребиле тоа. Убаво штом решиле дека може да се бришат профилите, редно беше.