членката молеше некое време да и се иЗбрише профилот ради тоа што многу приватни информации спидели, брат геј, нејзина приватност…. Некои ја препознале тука копале инфо и доби закани по нејзиниот живот и по животот на родителите. …….. Иначе за која госпожа пишувате? Или кажете или ич не пуштајте водичка, која е целта?
Чекај,имаат закани по живот и не избришале мислења, само смениле име? А госпоѓата ја избришаа комплет ради суета?! Колку нефер!
Не знам, жал ми падна за членката навистина. Треба правилата да се променат. И не е крива она што навела толку детали од својот живот, едноставно се справуваше со сопствените ,,демони", што претпоставувам и бил начин на справување со ситуацијата. Во ред е што дале можност за бришење, ама што дека, ако истите детали стојат? Во такви ситуации, сметам дека Фемина, не треба да гледа низ призма, ама мислењата ќе немаат смисла ако се бришат, пошо искрено е себично. Јас сум ЗА, сите мислења на членката да се избришат. И треба да постои можност да се побара. Мои постови, мои мисли.
Не може да се најде членката во search по username, а и сигурно мислењата каде открива некои детали се избришани. Какви демначи имало по форумов.
А што ќе ти смени тебе ако избришат се? Мора да постои опција, тоа е мое крајно размислување. Човечки чувства пред се.
Нема мене ништо да ми смени, јас не сум админ на форумов. Штетата веќе е направена во случајов со членкава, е сега ако некој има толку слободно време да оди тема по тема, страна по страна, да и ги бара нејзините мислења, нека повели.
Што ако утре и ти имаш сличен проблем? Или за друг се работи, не ми е гајле. Има членови што си читаат мислења од поодамна. Колку пати јас сум отворила некоја тема од сам почеток, а имала куп страни, чисто ме занимало што се пишувало. Не ме убедуваш спротивно. Во такви ситуации, мора, значи МОРА да се постапи по барањето на оној што пишува.
Не е поентата тоа. За една јавна личност може сѐ да се избрише, за друга обична членка која според пишаното има подобра причина за да го избришат профилот целосно, не може. Еднаквост треба да постои.
Па што ме цитираш и се понашаш ко надлежна, згора да ме нарекуваш демнач. Ако не те занима, афектира, што пишуваш во темава.
Абе ај мислев кој знае која ќе излезе оваа за мене не ништо посебно фејмос, така да како за неа така за сите треба да биде!
Затоа пазете што споделувате и колку споделувате за себе. Посебно не ми е во ред онаа темата со слики од децата... Убави се, слатки се, ама додека вие себеси си се криете, нив тука ги објавувате... Може некој лесно да злоупотреби и после плачки по администратори...