Не е така лесно, како што се пишува. Особено за психолошките теми. Колку членови има што даваат детали, затоа што не можат на друг во реалност да кажат. Им треба начин на празнење. И форумот си ја брка таа функција. Нешто како дневник. Затоа не треба да играме на картата, вие сте криви што откривате детали, туку во такви екстремни ситуации, да направиш отстапка. Како што пишаа погоре, за едни може, за други не може. Едит. И јас се согласувам за темата со децата. Се тоа убаво, ама не сме само фини, културни и добронамерни луѓе што дремат на форумот.
Воууу, јавна личност се има испобламирано со мислења на форумов? Кизнај што сум пропуштил, низ годиниве што сум бил неактивен на форумов
Во психолошките теми најчесто не може да се открие некој кој е, ретко кој знае нечии проблеми, стравови... Некогаш и може, зависи што се' ќе сподели. Кога ќе почне по други теми да издава информации за себе и за блиските, тогаш претежно го откриваат. Така мислам.
Без разлика, и споделување на информации за здраствена состојба треба да спаѓа под приватност. И мислам дека треба секој кој ќе побара да му биде избришан профилот и мислењата без разлика на причината, да му бидат избришани. Едноставно некогаш премалку се контролираме.
Затоа што не очекуваш дека постојат такви ситни души да го искористат тоа и да се закануваат. Не можам да обвинам нечија наивност и верба во добрината на овој свет. И убаво би било, ако сме соединети на ова прашање. Затоа што денес е таа членка, друг ден може да си ти. А мислам дека нема лик на форумов што не открил некаква информација за себе. Не велам да се бришат сите постови, ако на некој му се сонило така. Туку за сензитивни случаеви, каде се работи за закана по живот, или било какви моменти кои доведуваат до компромитирање на себе и сопствениот живот. Едноставно како никогаш да не пишувала. Не дека некој болен ќе падне, ако не ги прочита нејзините постови. Ама дополнителен товар е, што нејзините постови се уште стојат во етерот. Мада, ако може за некој отстапка да се направи, оти била јавна фаца, иако јас прв пат ја гледам, и те како треба да се овозможи истото и за членката. Тие двојни стандарди ми пречат. На едната и било егото погодено, е на другата животот загрозен. Стави на кантер, што има повеќе смисла?
Грешка си, ние го создаваме, креираме и водиме форумот. Не си ја девалвирај моќта. Ако сме согласни на тоа прашање, Фемина мора да има слух. Иако те разбирам што сакаш да кажеш.
Во твое име, се извинувам за недостатокот на емпатија. Не гледам што е смешно. Барем моето размислување е конкретно за членката, која има јасна, цврста причина за бришење на постовите во целост. И да, доколку одреден пост влијае врз сопствениот живот, во било која конотација, во ред е истото да се почитува. Инаку јас лично имам побарано редактирање на сопствен пост, поради изнесување на нешто што можеби би ми предизвикало проблем, рака на срце, експедитивно беше решено.
Ова е анонимен форум ама само теоретски, ако така гледаш ние откриваме идентитет со било кој пост, лично искуство што пишуваме по темите, помош што бараме и слики што објавуваме, колку само членки имам познаено тука ….
Во темата „Бришење на мислење или тема“,членки имаат пишано дека побарале да им избришат неколку мислења и им ги избришале. За повеќе изгледа човек треба да се утепа од молење.
Ти треба да се загрижиш дали членката е безбедна во моментов, а не што и бил избришан профилот делумно, а не целосно.