Досаден во ЛП? Напушти го разговорот и одбери да не добиваш веќе пораки од него ..нема са добиваш само ако пишува во истата порака.. ако почне нова мислам ќе ти стигне пак А за да не го гледаш низ темите - клик на игнорирај
Ако не бев загрижена, немаше ни да пишувам за неа. На она што можам да влијаам, ќе се обидам. Не ти ја разбирам воопшто поентата. Не ја знам лично, да беше спротивно, ќе ја контактирав. Што можам повеќе да направам? Ако си станала на лева нога, никој не ти е крив. Ако немаш проблем со истото, пак никој не ти е крив. Она што може позитивно да го направиш во ситуацијава, е да престанеш да даваш иронични коментари и да игнорираш ако не те засегнува по ниту еден основ.
Која е таа јавна фаца. Ај нека ми шепне некој у лп. Затоа пазете шо зборите, и на кого се претставувате со име и презиме
Абе 2012 се зачленив,тогаш немаше вакви работи. Не бев многу активна тогаш ама знам дека имаше хармонија и дружба и повеќе модератори. Ако добро ме служи сеќавањето форумот не беше толку популарен тогаш и некому му беше втор дом. Немаше многу кавги, омаловажувања и знам имаше некој избор на модератори. Едноставно мислам тогаш се познаваа меѓусебе некои,а некои баш и не. Ако споредам сега и тогаш,тогаш беше многу поубав форумот. Имаше енергија,имаше совети полни со восхит,утеха и желба за да помогнат некому. После дојдоа луѓе од разни карактери,разни гледишта,луѓе полни себе и каша попара настана. Каде се Rose96,Miranda, lovely95 и други квалитетни членови. Ги нема. Едноставно според мене форумот тоне во злоба и завист а доказ за тоа е случајот со членката.
Јаката фаца хахаја Сеа дознав од вас дека постои. А шо се дуваат Коа ќе станеш јавна фаца, заборави приватност А не да ми се курчи тука
Прво. За Викторија Колишев како поминува време повеќе и повеќе се додава на приказната, како којзнае што да се случило. Реалноста е, која ја имам кажано неколку пати веќе досега, дека таа не е јавна фаца, не е ништо за да се спомнува, има инстаграм и постира слики, толку е од нејзе, затоа и се бришат постовите. Не, жената се нема закането на редакција, нема ургирано, плаќано, или не знам што уште се додаде во последнава приказна. И не, никој не бил баниран зашто ја спомнал, само постовите како оф-топици се бришат. Зошто има реакции која е оваа, не е јавна фаца. Се надевам веќе јасно ви е и нема пак за тоа да се натегаме, доволно е навистина. Второ, за бришење профили се е убаво објаснето најдоле на линковите Правила и услови и Политика на приватност, апсолутно се, може да си прочитате и доколку имате нешто да се обратите на назначените мејлови. Исто така и стои дека доколку не се согласувате со нешто од наведеното може да не ја користите услугата, исто како што е насекаде. Членката со профилот коментиран поназад е исконтактирана секако и средено е помеѓу нејзе и администраторите. Трето, 999 е банирана перманентно поради расправиите и навредите, ама не поради тоа што била дупли профил на магнолија, бидејќи не беше. Феминка22 е банирана на три дена да одмори поради навредите, насилството во постовите, што не и е прв пат, познат е веќе нејзиниот бунтовнички однос, но, сепак, овде тоа мора да биде на едно скалило пониско, па се надевам ќе го испочитува тоа. Објавување на лични пораки не е дозволено, доволно е да се пријават само, следниот пат и тоа ќе се санкционира со банови. Благодарам, имајте пријатна неделна вечер.
Од која причина ми се избришани мислења? Барем да ми стигне известување а може и извинување ( немој да ме биете сега, шала беше)
Зошто модераторите ги изменуваат мислењата што ги пишале членовите? Се губи оригиналноста, подобро е да се избрише целосно мислењето.