Сте ми избришале мислење од Модни критики демек било оф топик. Алал ви вера, ко божем којзнае што кажав. Ништо лошо ама оф топик било. Смешни сте,многу сте смешни. За други побитни работи нигде ве нема,да бришете провокаци,дрскост и навреди. Моево обично мислење ви забоде очи.
Еве и мене не ми е јасно, зошто ми е избришано мислењето во темата Коронавирус во Македонија и светот. Пријавува некој или како ? Бидејќи претходните мислења на кои реплицирав најнормално си стојат...па си викам, а можеби не сум ни напишала, е до толку ми е неверојатна и смешна таква чудна селекција..
Истиве критериуми кои ги употребуваш за Колишев, треба да ги употребиш и за други „нејавнифаци„ за кои се пишува во темата, а за истите имаме дискутирано и претходно. За 999.... она е трајно банирана, ама членката која сподели јавно приватната порака не?! Правилата како беа? Ај, потсети ме? Дали можеби некој е поеднаков од другите? Привилегии или... п.с алелуја за отворање на темава, па следниот пат не се брзај толку
^ Јас одамна зборам дека на овој форум правилата не важат за сите. Една членка ме извреѓа за сите пари не доби бан, друга членка две години тортура ми правеше не доби бан. Постирав слика од лп во СДК ми беше избришана. @Jana06 ме навредила многу пати и објавува слика од лп и не доби бан. А кога е обратно,кога јас ќе возвратам на навреда добивам бан со брзина на светлината. А кога ќе прашам во лп зошто на некои не се банирани одговорот е едноставен “Не поминал банот низ системот”. Така да, сите си имаат златни привилегии бидејќи се знаат приватно и си прогледуваат низ прсти, за нас обичните смртници најстроги казни. Полека, но сигурно станувате демократски форум.
А зошто за мене да важи а за нејзе не? Зошто мене ме предупредија за навреди од тебе кон мене за глупата риба,а тебе не? Не се расправај ко детенце, дебатирај.
Ама ти викаш тебе те избришале, неа да ја банираат. И неа ја избришаа исто како тебе. Јас исто мислам дека форумов има дупли стандарди, ама твојот случај не е тоа дефинитивно.
Таа објави тука,а јас во Сдк. Моето беше во позитивен контекст, нејзиното во негативен. Ако веќе банира, нека банира еднакво. Нека те банира тебе пример за прво упатена навреда,нека ме банира и мене за возвратена навреда. Таа банира за возвратена навреда, а тој што почнал прв во една тема ќе продолжи и во други теми. 999 ката вреѓаше таа банира други членки. Двојно нели. Traveler91 вреѓаше во МЈФ,гз им покажува на членките - никому ништо. И многуу други членови и така натака до недоглед. Ништо не си постигнал со вреѓање и другиот да го банираат заради тебе ти испаѓаш ко губитник. Ништо повеќе.
@buba4e89 Имаш копче Пријави, не знам што чекаш. Јас стварно не знам каде сум те навредила, искрено. Ако сум напишала мое мислење, а тебе тоа те погодило не знам зошто да бидам банирана за тоа. Да се изјаснам за сликата од разговорот. Немав поим дека е правило да не се споделуваат јавно и стварно не гледам причина за тоа да ме банираат. Какви кавги имало, какви драми, се фативте за мене.
И мене ми го избришаа мислењето, а мислам немаше потреба. Бубаче само мислеше дека сум во раните 20, а всушност сум бил 30ка нагоре, а јас реално сум 27, уште неам напраено цела табла јајца (30 години).
Коментарот ти беше невин навистина, ама најверојатно го избришале зашто беше малце непријатна ситуација, а не поради тебе.
Јас против тебе немам ништо, ама ти се гледа дека имаш и имаш некоја омраза. Ниту те знам, сме имале различни дебати и различни погледи на нештата и тоа е сосема океј. Ама ти очигледно имаш нешто против мене па кога ќе ме начекаш ми пушташ стрелки. Не ти замерувам, човек кога некој не сака нормално ќе стори се да го изруга. Симпл Не се фатив за тебе те спомнав за да биде еднакво кон сите. И јас не знаев тогаш.
И во друга тема членка ми беше пишала за мои години па не беше избришано. Ништо лошо немаше и немав намера да го навредам членот. Ама кога се работи за мене мора да е оф топик-веќе видено.
wtf does that mean!?? Те лажат, ако навистина вака ти одговараат. Нема 'систем низ кој мине банот'. Администраторот треба да кликне два пати, рачно! за да те банира.
Е да де, секој што има различно мислење од тебе те мрази. Не знам зошто мислиш дека виртуелен лик ми е фактор во животот. Нит знам во кои теми си активна, нит која си, сме се погодиле случајно во некоја дебата и те мразам. Ок. И ова пасивно агресивно однесување не е мој проблем и немам намера да ти одговорам на глупостите.
Не. А значи кога некој те прозва за нешто пример е пасивно агресивен? Се гледа колку не ме знаеш, веднаш искористи прилика да ми дадеш дијагноза. Мене пример би ми било срам ваков одговор да дадам. Инаку, за омразата штотуку сама си одговори. И не ти е прв пат,ама што да очекувам друго од тебе, од жена без доблести. Се најдобро.