Јас немам ништо против Бубаче, верувам ни Бубаче против мене? Што имавме си кажавме овде. Од нејзина страна беше коректно што бар ми кажа дека она ме пријавила, а не како некои тука шуш - буш позади грб, што не сакаат да решат конфликт директно, па пасивно агресивно се смешкаат и озборуваат. Знаете дека сум пресметлива, ама брзо заборавам конфликти, тимски играч сум, простувам и имам висок праг на толеранција во однос на цензура. Така да кој што ставил и рекол не ме занима, па од таа причина ретко кога пријавувам. Особено не пријавувам членови кои ми се драги или планирам да ги дружам и приватно, така да во ред е. Ќе решевме и без посредство на Реинбоу и Референтка, не ни требаат родители. П.С. Сеедно ми е што ќе правите со фотографиите, ако некому пречат избришете ги, едноставно, нели? Од мене толку, од Господ повеќе, поздрав.
Како бе не давате одма бан? Па зошто се тогаш лични пораки? Плус, членката знаеше дека не треба да споделува, и беше посочено! Хммм... Двојни аршини имате, Реин Мал милион пати до сега се прогледувало низ прсти пошо некој член бил омилен, квалитетен итн... додека некој друг кој ја нема таа среќа да е нешто од наведеново, веднаш се банира и се шиканира Дај, плс, не глуми лудило барем
Необјективноста е маана на слабите т.е повеќе ми личи на маана на газолижачите..леле срци мрци колку си ми миличка, топче кисче.. Се испокаравте тука за глупости како мали деца, божем Реин треба да дреме на темава за да ви одговара.. Зошто некоја пријава толку при срце си ја земате? Ако некој се сомнева на кропнати слики со мизерна резолуција дека се од нет, верувајте не е само еден што се сомнева. Туку во случајов само еден имал муда да каже јавно дека пријавил..најчесто ниеден нема..
На погрешно место ја адресираш пораката. Прочитај поназад, ако сеуште мислиш дека е проблемот во мене што ставив три фотографии и во ниту еден наврат не пријавив некого, ниту пак контактирав модератор, не знам што да ти кажам Даст. Остани така објективна... Поздрав.
Што ако си ставила 3 фотографии кога се кропнати како од бог знае каде да се? На кого нема да му е сомнително тоа? Еве и мене ми е па што? Што ако некој те пријавил? Да не лежиш у затвор бог да чува.. Што е проблемот ако некој пријави нечие мислење ти на мене кажи ми?! Што толку си земала при срце?! Затоа постои копче пријави, за да се пријави..не за да се гледа како да ќе пикнеш 2 прсти у струја ако го кликнеш.. Затоа постојат модераторите, ако некој се сомнева нешто да пријави кај нив И со причина те исконтактирала референтка за да те праша дали се твои сликите.. не ти рекла дај ми име, презиме, ембг, адреса да видам дали се стварно твои.. Сакам само да ти речам дека нема ништо лошо во тоа некој да пријави нечие мислење ако смета дека не е во склад со темата. Па ни ти. Не е објективно ако не пријавиш во нешто во кое се сомневаш само затоа што нели..срци мрци миличка си ми те знам лично ау мау
Ок Даст. Кажав и претходно, ако сметате дека фотографиите се несоодветни - избришете ги. Simple. Не инволвирав, навредив, ниту контактирав модератори. Ставив три свои слики, прашав кој пријавил. Жал ми е ако не поверувавте дека се мои. Мојот став е дека нема да пријавувам ни во иднина за вакви глупости. Од мене толку.
Уатевр..читаш тоа што сакаш да го прочиташ и го интерпретираш на начин на кој што тебе ти е убаво, а не на начин на кој што е напишан.. Оукеј...позз..кисче
@referentka @Lella, Сама себе си пријавив мислење во темата Македонски јавни фаци. Три дена поминаа, ни ми одговоривте, ни пак ја избришавте жалопојката кај што тажам дека сељанката Спенџ ме блокира на инстаграм. Ве замолувам да се избрише мислењето и веќе немам намера да и полнам его на некоја си таму безвредна, која очигледно има проблем сама со себе и туку така блокира луѓе кои не ја навредиле. Не сакам да чита дека сме тажни по неа
Модераторки зошто не праќате известувања за избришаните мислења во СДК и во Мјф? Што е уште посмешно, моето мислење во Сдк е избришано, ама стои како цитат кај што ме цитира @cresa-jagoda Слабо си ја работите работата башка и не ми одговоривте на прашањето од прееска многу сте транспарентни.
Зошто бришете мислења во СДК? Реплицирав на @buba4e89 дека прави булинг, како е тоа офтопик? Ако е моето, тогаш и нејзиното е, избришете го и тоа.
А во коронавирус дискусијата за Џоковиќ намерно се едитираат нечии мислења за да се ублажи навредата кон цела маса народ која ете има различно мислење од членот кој ги пишува? Или и модераторите мислат дека од маските сме закржлавени во мозокот и нема да приметиме?
Секогаш се едитираат навредите, доколку може да опстои мислењето така, но ако пак се претера тогаш следува бан.
Дали негде е дефинирано колку пати ист член има право да навреди цела маса на луѓе само ради различно мислење пред да добие бан?