Праќаме предупредување пред бан и потоа ако се продолжи дефинитивно следува. И, се согласувам дека се забегува во последно време со навредите. Толеранцијата нема да биде толку голема, банови од теми ќе активираме почесто. Затоа ве замолувам да дискутирате без лични напади постојано, ем губите време зашто се брише секако, ем дискусијата се уништува.
Така е, Реин. Уште повеќе цензура, уште повеќе контрола. Да се множат банови! Зошто животот и онака многу стана релаксиран и слободен, па орото на Гестапо ќе го играме и тука.
И простаклукот е демократија. Дегенеричка, ама пак слобода на изразувавање. Ако е навреда кон поедин член во ред, но ако е во контекст на тема кажано без повикување и линч не.
Не, ама реално се претерува. Затоа не се впуштам во дискусии низ темиве, многу ретко. Немало да пишам некаде нешто, а некој да не ти се закачи.
Добро. Пошто и јас лично бев 2 пати навредена со грд збор во друга тема и таму мислењата беа избришани, а членот не е баниран, а овде гледам во коронавирус поинаку се постапи затоа и сакав да знам подетално. Фала за објаснувањето.
Кон членови санкционираме, реков за личните напади. Требаше за Ноле на почетокот уште да ја одделам, или да се отвори нова тема. Сега мислам дека веќе кај и да ќе заврши голготата. Отворајте нови теми дечки, кога гледате дека нешто нема кај да се смести не го буткајте само ради реда, отворете си нова тема слободно.
@RainBow 5 дена чекам одговор на мојата пријава за моето мислење и никој не се удостојува да одговори. Вчера два пати ги тагнав дотичните модераторки и не враќаат, а бришеа во СДК како што им дојде на ум, навистина не е фер.
Бришете коментари секаде.. Објаснување никаде.... Ако мојот коментар беше за бришење во темата *Необјасливи случки* тогаш отворете ги очите... Онака чисто прочитајте повеќе коментари, а не само мојот. Ве бушат во мозок.
Прилично нова сум овде (а земала мудрува), дали 3-4 месеци, ама гледам нешто си седам често на форумов интересно ми е. Мош ќе ја утнам темата ако е за бришење мислењето бришете, ама како што сфатив овде можам да прашам и да сугерирам околу форумот генерално. Нема ли да е згодно да има опција reply на мислења на членови кај шо нема да спамам повеќе членови оти прашањето ќе ми се однесува само на еден член. Си листав во темата “Вашето кафе преку слика“ и на една членка и го бендисав филџанот и сакав да ја прашам од кај и е . Си помислив еј добро би било да има опција reply и нотификација да и стаса само нејзе наместо да правам дигресија на цела тема и да спамам илјадници членови. Шознам... just a thought. Веројатно трескам глупости бруцош сум овде ама така ми текна.
Вака аххаха, имаш "одговор" да реплицираш во темата ама со нејзино мислење означено и неа да ѝ стигни нотификација. Нешто како шо тебе ќе ти стигни нотификација сега за ова шо ти реплицирам. А ако сакаш приватно, то е во клик на профил -> започни разговор. Ако прицниш одговори не стига на сите нотификација за ново мислење сем ако не ја надгледуваат темата ( горе во ќош имаш "надгледувај тема" за да ти стигаат нотификации од нови мислења, ама ако не отвориш мислењето преќинват да ти стигнат дур не отвориш пак), ова ти го кажвам зошто "одговори" мислам е најблиску до то шо бараш.
Ооо така лиии хахаахах јас секогаш си кликам Одговори и мислам сите ги спамам. Оф боже ајде ќе си подвијам опаш хахахах фала ти за просветлувањето и за лекцијата ве надмудрив сите со по 10 години стаж овде па и повеќе ауу . Со други нејаснотии ќе идам право кај тебе @theowndemon со започни разговор. Оф сиромашката ти ама си си ми го изџвакала со принт скринови... со упатство за употреба... Фала!