Ти ако вложуваш и срце и душа и нерви и све овде на форумов, немој да мислиш дека сите се така. Исто ко на работно место, едни само да се дограбат до позиција се, да се знае дека се нешто во фирма, па после сите 4 у вис. Бришат механички, а за време и онака ваљда минуваат време на форумот, ништо посебно плус ако се модератори. Таквите остануваат на позиција. Тие што оставаат нерви за кратко си даваат отказ Зошто е Реин еден век, не и чуе, си тера по нејзино и таска не ја боли. Ќе стави еден сувопарен текст после вжештени дискусии со едно смајли на крај и толку. Да не сме виделе промени и новини?
Не бе немаат. Во 6 милиони постови, сите можни зборови ги има на форумот, што и да пребаруваш на македонски, прво референца од форумов ќе ти излези.
Еххх... Јас ако не сум оставила нерви на форумов не знам кој. Ама, сигурно нема да земам да ве пцујам сите по ред за да се види колку сум се изнервирала или колку се грижам. И не си терам по свое, форумот не е мој, има некој што и мене ми кажува за нешто што и како треба да се направи. Еве, да не остане постов без смајлито.
Го почнав постов со други модератори на ум ама на крај спонтано излезе и за тебе Не ги прашуваш тие над тебе за секое бришење, за секој коментар, за секоја одлука. Нели? Одговараш за секое бришење и банирање? Ако да, тогаш би рекла дека само извршуваш наредби. Ама ми се чини дека имаш прилично слобода во своето дејствување, така?
Годинава може да се избира не феминка туку експерт на годината? Сеопшто знаење на сите теми од Сонцето до земјотреси. Од реките до Монт Еверест. Пожари до сообраќајки. Политика до патологија. Имаме особи што толку знаат што веројатно пофалеку од Фемина и клозет не отишле. Приспособливи на секое поле... Зависи каква катастрофа се десила и е актуелна. Само идеја е... Мислам таков избор ќе има огромна конкуренција. Да ти се згади од какви се коментари се пишуваат од БАШ на шолја.
Зошо ме баниравте од темата "црна хроника"? Од сите мене ме најдовте? И кога више се правите паметни турете саглам наслов нетуку ставајте в уста некој што е веќе починат, остајте го да почива на раат.