@RainBow имам едно прашање до тебе. Пред малку ти влезе во дискусија во 40ка и додека дискусијата траеше, ти почна да бришеш дел од постовите на членките со кои беше во дискусија. Не можеш истовремено да дискутираш и да модерираш, не е фер кон соговорниците. Прво, ти можеш да ја носиш дискусијата во друг правец, второ, што ако тие сметаат дека твојот пост заслужува да се избрише, а за себе, секој е субјективен, па ти со вжештена глава во дискусијата, сакајќи да докажеш поента, не гледаш дека ти си за бришење. Според мене, не можеш ти , како одговорна за правилата на форумот истовремено да си дел од дискусиите затоа што тоа е заземање страна (бранење на својот став) и истовремено да си објективен модератор. Ако сакаш да дискутираш, мораш како рамноправен член. Остави друг нека модерира онаму каде дискутираш.
Не беше избришано ништо насочено кон мене или реплицирање во однос на дискуијата актуелна, беше избришан пост кој беше навредлив и секако би бил избришан. Да беше случајов како ти што кажуваш на пример би ја избришала Лилибоз, наместо воопшто да реплицирам. Ама, тоа не би било во ред. Инаку, да, ако е некоја жестока дискусија обично гледам да не се вклучувам во истата ако модерирам, и не поради ова што ти го наведе, туку баш поради тоа што веднаш се мисли дека би бришела постови кои се спротивни на моето мислење. Што одговорно тврдам дека не се случило во овие 12 години како сум модератор, инаку не би била толку долго тука.
Ти СУБЈЕКТИВНО МИСЛИШ дека нешто било навредливо, што не викам дека не било, јас не го ни видов постот на @Bridget, едноставно не е можно човек да е комплетно објективен и тоа ќе ти го каже секој здраворазумен човек кој не страда од комплекс на повисока вредност. Затоа сметам дека не е во ред истовремено да се вклучуваш во дискусија и да модерираш, треба да се најде некое пофер решение. Ова испаѓа кадија те тужи-кадија те суди.
Ете затоа беше избришано. Ве молам не продолжувајте во истата насока, ќе бидат избришани мислењата кога веќе и оригиналното мислење е избришано. Благодарам.
@RainBow Еве ќе го преформулирам во прашање: Дали сметаш дека си објективна кога истовремено дискутираш и модерираш?
Глобален модератор треба да е некој ко Михајло. Да си ја работи работата за која е платен и да не навлегува во дискусии зашто сакал/неќел, еве и неколку пати уназад се докажа дека станува пристрасен и... Ама пошто нема шеф над глава за да му скине од плата, тоа е тоа. Секако, мое мислење е ова, дека не може глобален да се однесува и ко шеф и ко член. Али шо знам ја, иам реална работа, не виртуелна ... не знам како течат ствариве
Како кога не беше цитирано мислење од темата? Туку беше ставен текст од друга тема? Кај пишува во темата дека тоа не смее? @RainBow или кој и да ме избриша