Бидејќи имаше извадено слика од скриено катче и нормално дека ќе биде избришано. Да не споменувам дека самата имаше речено дека можеби е коинциденција, а за коинциденција не банираме. Зашто се гледа и по постовиве, дека има мнооогу коинциденции. Доколку немаме цврст доказ, совпаѓање по ип адреса, било што, едноставно не можеме да банираме зашто стилот на пишување бил сличен. Освен нели, ако не ги прекршуваат правилата на форумот.
Некоја која на хејтаме ама чекаме да кажат зошто. Некој еднаш рече убијците излегуваат од затвор, на фемина не смееш да се вратиш уште еднаш, ама не памтам кој
Не зборуваме за МиаКара или некој друг. Многу добро неколку членови имаат забележано дури и пишано за кого станува збор, но очигледно селективно се читаат пријавите (што патем се повеќекратни) и се игнорира по желба.
Баш би сакала и јас да знам, Некои и јавно имаа пишано кој беше стариот профил, или бришење или игнорирање имаше. Значи повеќемина забележале, не само еден.
Не, не, не викам дека е џабе, нека ја банираат ако треба, само ми смета тоа што се вперува прст во други членки, најчесто нови, ни криви ни должни.