A стварно зашо не кажувате? Не дека толку ме занима, него не сте директни.Возрасни жени и сеа ќе вртиме, абе знаете ја забележав, ја приметив, она вака така.Кажи си Станка е дупли на Петранка, еве доказ Или забележете ја.Посочете нѝ. Вака ќе го пуштите црвот и се смеете после дома.
Не знам јас, туку муабетот ми е дека упорно сите само спомнуваат дека сите профили дупли што се, се на Кара, ко таа да е семоќна, а сигурно е дека сите кои се банирани а претходно дремеле тука со години, пак се враќаат, јер добро знаеме колку сме сите зависни од форумов само ете, изгледа немаме сите посебни моќи да ги препознаеме.
Па подолго си центар пажња така. Ако кажеш одма нема да се изнапишат 3-4 страни, да те прашуваат, која, како, зошто
Во една од темите член дури и директно се обрати на новиот профил со стариот никнејм, ама изгледа не пратите. Не шала на страна ми е гајле мене дали некој член има 3, 5, 15 профила, работата што ми смета се двојните арашини. Ако се дозволува јас да се најавам на модератор дека сакам да си направам нов профил од Х причини, тогаш ајде сите да правиме.
Е па така ти е ,чупче кога идеш еднаш месечно да не посетиш. Еве јас стално кажувам колку ја сакам Битола.Па тамошниот Џамбо ми е најомилен.Ради што е на сред сокак. Жими вас не сум јас Кара миа...ни Виши..
Кривете модераторите дека 40ка ја ставија во скриено, дур ми излегваше од страна таман почнав почесто да идам, ми ја скрија. Нешто ако не ми е пред очи - го заборавам.
Ај за нас што не пратиме а сме радознали кажи. Може и во лп. Јас имам приметено членка што си пишуваше од еден профил, после престана и си отвори друг. Што не е нешто толку страшно според мене, да отвориш скроз нов профил од почеток, под услов првиот да го баталиш. Е сеа да пишуваш од два истовремено мене ми е баш онака крипи, језивко. Друго, таа една што молеше да ѝ се избрише профилот, ми личи ко пак направила, втф. Мислам океј нејзина работа ама пак.
Најјако е кога од едниот прашува нешто, а од другиот си одговара на прашањето Не ми се верува дека Кара после толку години уште е на тапет и уште се збори и пишува за неа Ама од 234034 профили што ги имаше знам дека обавезно на почеток беше многу фина со сите, па после почнуваше да се расправа и да прави драми. Уз пат крофни сликаше, хотели, базени, секој викенд негде. Која е овојпат поима неам, а не се ни замарам. Порано имав фатено дупли профил, никогаш не кажав. Немам потреба да давам на тацна ништо, не ми е работа едноставно. Си има модератори за тоа, нек си ги ловат.
Тука на форумов нема што немало Нешто ќе приметиш, нешто ќе каже некој друг па ќе ти падне у очи пошто кажал, и така