Леле мене ич не ми е ко претходниве профили ама ич Не велам ни дека е таа ни дека не е, појма немам искрено, никогаш не можам да препознаам дупли профил. Инаку знам дека се рчкаше во неколку наврати со друга членка, онака суптилно. Ама не ми е некако тоа показател пошто не може еден член да има само фанови и еден НЕфан. Повеќе ми изгледа на моменти ко фановиве да се само многу гласни. Јуле муабетиве шифрарник Знам дека се ме разбираш
Сега мислам по email адресата е, ама појма немам. Ако сте три сестри ќе користите еден акаунт, тука има пријателки што користат ист профил, другарки, комшики, снаи, золви .
Епа јебига. Ама мислам дека е така, се банира IP адресата, која е лесно да се смени со VPN и триста глупости, ама кога некој е трајно баниран уствари уредот му е баниран. Нека ме поправи некој ако грешам.
Па ти велам сега си е кул Не беше кон таа членка само иако таму е дискутабилно што и како е работата, Кара и идентитет откри мислам. Драми ти велам. За мене и со мене е ок, затоа ти велам нека си пишува, како што пишуваат и останатите од други профили. И не знам зошто сега пак ја коментираат кога е мирна периодот?
А инаку баш ме нервира што изигравате нешто тука, знаете-не знаеме, ептен детски. Зборете без шифри, полоши работи се збореле на форумот, господе.
Да, за ситуацијата со личните податоци нема дискусија. За другото имаш право дека дискутабилно е зошто полека ми се смена и мене мислењето кога приметив дека не сака само Кара да си провоцира. Мене уште не ми е јасно која е таа членка што пишувала од 5 различни профили во 40ка, ама не битно, тоа е веќе трач муабет, после твојот пост ако паметиш ми се отворија очи да пазам со кого споделувам интимно инфо, уствари во превод со никого
Де бе жени па со едно око некој да чита ќе ја провали Кара, не заебавајте.. А Далерон? А БабаРада...? А Струмка а а а а? А Мама25? A Марик? А Самерка со лагите? Тие барем се од понова историја мислите ниедна не е тука? Се лажете..ама сте запнале за Кара Туку пред некој ден читам читам на форумов..и флешбек уште едно воскресение како ли порано не сум ги наредила коцките А уствари банирањето не е така лесно.. Мислам лесно е, кликнеш и ај наздравје.. Ама не може бе луѓе да барате по ИП да се банира.. Денес провајдерот ја доделил таа ИП на мене, утре на Струмка, другиден на Феминка.. И тие нема да можат да пишуваат поради што? Поради некоја дупла будала.. А да докажеш тука дека некој е дупли ник не е така лесно.. Не е само да речеш - ауу па имаат ист стил на пишување, читаат книги, имаат исто куче, двете ги сакаат мајките најмногу на свет а свекрвите имаат шуга, глумат дека се реализирани на секое поле итн итн.. и што доказ е тоа? Ми текна и на една што мислам дека уште е активна со целосно лажен живот презентиран на форумов, па со преведени текстови од скрипти за да се направи мн паметна.. Такви па ликови треба посебно место во форумскиот пекол да имаат..ама немаат
Сум го испуштила моментот за членката со 5 профила Најпаметно нешто е да си ја задржиш анонимноста, оти многу се злоупотребува. @Dust види какви информации имаш, преведувани скрипти, ова и од Кара е поинтересно А и запнаа
Ма ајде молим те...од збор до збор имаше преведено текст од скрипта што ја учев на факултет.. Ми дојде ептен познато ПИСАНИЕТО Па тука колку и се восхитуваа членки.. аууу најпаметна најдобра најНеЗнамШто.. Па дури и слики крадеше од некаде туку не успеав 100% да ја провалам од каде.. или подобро речено немав време, се пензионирав за да кулирам
Не се плашиш да не те разоткријат вака како новокомпонирана шансона? Сигурно предавателите не им фатиле до кај тебе на шпиУнките