@RainBow Предлагам да воведете правило дека ако нов профил е активен само во секс теми одма ќе се банира. Please. Por favor. S’il vous plaît. Vos prègui
Секс темите особено оние едукативните треба да се во секое катче. А онаа "Дали сум бремена" на банер треба да седи нон стоп. Пред две недели откако дечко ми го почеша, ме допре доле без да измие раце. Многу сум под стрес, ми касни, дали сум трудна? -Сем ако дечко ти нема магични гравчиња во гаќи, не драга. Не си!
Да бе не е,а од предсемената?Тука е норлево,ќе среди се. Башка ако има грав во гаќи,ќе роди гравчиња.Уозбили се и ти.За бебе правиме муабет.
Јас не знам како замислувате цела категорија секс да се премести во друга категорија? И некако не ми одат секс темите со темите од скриено катче. Одма замислувам една под друга тема: интересни фотографии од вашите деца, а подоле орален секс. Мислам бљак Башка, некој нов член може ќе има реален проблем и не е во ред да треба да направи 100 мислења, за да праша нешто. Мислам дека најдобро решение би било да има повеќе модератори во таа категорија, кои деноноќно ќе пазат на тролови и манијаци.
Идејата од страниии наназад, не овие сега барем, беше дека не да е секс во скриено катче туку во катче шо е исто така скриено и да има поделба на темите. Нешто како шо дел теми се кафе муабети, дел се скриено катче. Теми кај шо се бара итен проблем и од тој карактер се во Секс. Теми кај шо членој сакат да продискутират нешто "поинтимно" или во најмала рака без мањаци, да има таква можност ( пример за фетиш, кинк или еве ко новата тема за секстинг. Никој не бара совет во та тема, ништо не е итно. Ама јас еве лично оти е јавна сем трите "да" шо напишав од прашањата - не можев да дам детален одговор оти #мањаци). Интимно во наводници, ама барем на тие шо идат само за да мањачат и замарат во ЛП да го немат тој пристап. А Секс ко Секс категорија сепак си постои. Сепак има итни ситуации и има теми шо скроз би биле океј ако се целосно јавни. Ама дел теми е неопходно да се задскриени како шо и низа членој наназад покажаа нелагодност за ова категорија од исти причини.
Не би се префрлила во скриено катче, туку и таа би се направила да не можеш да ја видиш ако немаш 100 мислења и ќе си стои баш таму кај што си е обичен клик во админ панелот.. не е дека сите теми ќе ги префрлат во скриено катче Тиии..плава ли се фарбаше? Ама штета...нема веќе скриено катче пааа...
Абе поќе модератори треба. Кај сакаш пикни го, пак ќе бидат истите проблеми, ако не модерира некој редовно. Дроб се темите на Секс. Да сум јас, пола има да избришам... и поќе.
Знаете, форумот стана здодевен. Недостасуваат оние членови кои пишуваа од 10 профили паралелно, и во секој имаа различна романса, сервиси за јадење, желби, фетиши, животи и ситуации. Па, така секој трет ден читавме нови лапсуси и се смеевме. Знам дека тоа за модераторите и самиот форум не е позитивна работа, ама за членовите и те како беше. Ние буквално пораснавме со форумов, и понекогаш ми фали таков каков што беше... Па, некогаш се прашувам, зошто сеуште нема такви тролови? Каде ли заминаа? Јас покренувам петиција да се вратат. Спојлер Гледате за 10 мин. Акрониа добива бан за ирационални желби.
Сеа за брзи кредити зборат Тоа е новата шема.Значи врска си немаш.И дупли има.Ама тоа џабе ќе го дискутираме пак ќе ја затворат темава иначе стварно мора повеќе модератори.Бар резервни. Јесте дека така повеќе полиција ќе има и одма ќе нѐ бришете.Ама еве има смотаници ко мене и постираат нешо шо не треба..и дур да рецнат, пола форум видел шо не треба.
Ааа, се извинувам длабоко. Кажете секс скриено катче, посебна категорија. Регулар глупава сум, не сум плава. Сепак мислам дека пикање на проблемот под тепих, односно скриено катче, не е решение. Фалат уште модератори.
Па нели другиве за џабе работат? Миле воли диско диско, а ја ново модернискооо Да будемо чисто чисто, правда свира чистооо