Се си мислам дека во таа тема има најаки тролови, зошто не ми е верно како млади образовани луѓе можат сериозно да бараат бајачи.
Ако одиме според таа логика треба и религија да се избрише... Таму треба да е забрането да се споделуваат броеви и сѐ тоа да се брише, зашто не е ни отворена темата за тоа...ама очигледно на администраторите им одговара постојано да се споделуваат броеви таму, иако на цел форум демек е забрането рекламирање.
Башка и нема конструктивна дискусија во неа, темата 90% е огласник за разни бајачи, врачари и вадачи на жива, 90% пишувано на латиница.
Зашо религијата? Има цела наука за религијата (на теологија мислев де) , а за бајачиве? Башка шо и тоа што кажа, споделуваат броеви, пола ќе отидат кај некој шо ќе ги исполаже.И јас можам да земам гравчиња или икона пред мене и ќе им зборам нешто за тие пари Точно.А тоа шо пишуваат на латиница нема везе, битно да има трафик на форумов
Не треба да ги толерираат тие со километарски постови на латиница. Ем се против правилото, ем се мачни за читање.
Не мора милион, еден е доволен. А според последните задодуша бајати информации, категорија секс сеуште нема модератор. Поправете ме ако грешам * ауч, пишав ,,секс,, да видиме кога ќе тропне сандачето
Па добро, може темата контрацепција да се премести во здравје, таму ќе се едуцираат и за дали се бремени и слично
Ништо не им фали, има вишок. Тоа не можеме да контролираме колку долго мислење некој пишува, јас лично немам долг attention span, ама тоа е. Сметаат тие што се на латиница тешки за читање ама обично тие се и тролови. Ако некад се нафатам да прочитам долг пост ќе го вметнам во Предизвик за вљубениците во пишаниот збор
Мммм... не мом да ги дочитам. Губам интерес, само шо ќе ги видам. Посебно, ако е пишан во блок, без нов ред, па уште и да е на латиница... Нема шанси ...
Јас па обожавам на долго да пишувам... Инаку да, такви без параграфи и латиница ни јас не ги читам. Тоа е многу мачно, затоа ако пишувате огромни текстови одвојувајте ги речениците и деловите, ве молам.
Како да не ми стигаат на меил известувања од форумов?Еден цел меил ми е од форумот опседнат.Немам желба да бришам повеќе непотребни мејлови.