Ти се покажува тоа користи уредувач за текст, нешто така со розеви букви? Стисни на тоа, веројатно си стиснала погрешка да ги снема.
Еве вака треба да ти стои. Десно имаш стиснато погрешка на опцијата да ги снема и си ги тргнала, ништо страшно.
Знам дека многу пати други членови пишале, ама не ми е јасно зошто нема никаква контрола во темата Гатање и баење? Цела тема вришти од постови на латиница со телефонски броеви и реклами за некој бајач од Кравари. Наместо во другата наука да има интересни теми за дискусија, таму очај теми како фб групи за женски домаќински муабети.
Пред да се почне со прашања... Idedemja е банирана, имавме докази дека е истиот профил на КараМиа, Асистентка и уште неколку други профили. Инаку, банирана е и сега бидејќи од еден од профилите имаше објавено лични податоци на членка, имам и порано објаснување дадено. Ве замолувам да не ја полните темава со зошто и како, со шпекулации и оф-топици. Благодарам.
Зезај се ти, зезај се. Ама уште малку луѓе стварно ќе сакаат да се Кара. Па ко ќе се појави со најнов профил, и ќе бара сите нејзини 58389 профили да се спојат со пораки и лајкови, автоматски ќе ја прогласат за форумџика на деценијата за толкав придонес.
Нема потреба од вакви коментари во темава и насочување на вниманието кон тебе, очигледно е дека не си ти, не знам кој те обвинил. Намали доживљај.
Месеци уназад членови посочуваа и апла се гледаше дека е она. Дури не се ни трудеше да сокрие и зема сила уште повеќе, кога виде дека не ја банираат. @Celltica не знам кој ти кажал дека личиш на Кара, еве може на почеток се посомневале, ама врска немате една со друга.