Не ми текнува на која тема беше, ама избришаа мислење што беше пишано на самата тема, а навредливи мислења во истата тема беа избришани ден после тоа.
Може покасно се пријавени или нешо така. Ама знам дека со пријава се решаваат скоро сите такви мислења. Ама те разбирам.
Драга @RainBow не ми е јасно зашто ми ги бришеш мислењата од темите за здравје? На почеток за короната сега за оваа мајмунската болест? Те плаќаат ли од СЗО да шириш страв па ги бришеш мислењата на неистомислениците? Или остави ме да коментирам или избриши ми го профилот комплет. Те молам одговори овде јавно, немој во лп. Ако ме банираш, не значи дека не можам да се зачленам пак од нова IP адреса и да продолжам да коментирљм. Убав ден
Бидејќи беше оф-топик, ако имаш да кажеш нешто на темата слободно, оф-топици се бришат. Или отвори нова тема, на пример за ширењето на страв и дали тоа се случува во последно време со новиве болести што излегуваат, смисли вовед, па може да се дискутира таму. Нема некоја поширока шема и теорија на заговор зошто си избришан.
Дали може кога ќе избришете мислење од тема да кажете зошто е избиришано? Имам приметено дека само @Dream-Girl тоа го прави(досега само од неа сум добила известување од другите и нека не се лутат). Благодарам
Зошто ми е избришано мислењето (и зошто никогаш не ми е дадено образложение за избришани мислења) во тема Парада на гордоста кое не содржеше ниту една навреда туку само констатација он топик?