Во ЛП не може, може само да се редактира во рок од 5 минути. Односно ако сакаш да избришеш кога ќе редактираш ќе го избришеш текстот и само некој знак ќе ставиш на пример точка или друг текст ќе напишеш.
Членката @lovemme прашува дали некој може да и помогне,ја заборавила лозинката исто така и не знае кој email го користи за да се најави на фемина. Освен тоа пишала email до корисничка подршка ( делот контактирајте не ) но никој не одговарал.
Предлагам пред секој траен бан да има нешто како судење (ова со џони и амбер супер им тргна), и со обвинител и со одбрана, а наместо порота да има гласање од членовите. Така е поинтересно.
Зошто од банирањето би правел некој шоу за да биде пази молим те ..ПОИНТЕРЕСНО Ова е форум, не е риалити шоу Пред секој траен бан има 100 предупредувања и привремени банови..да не треба да молат некој за да не прекршува правила..
Јас имам чуено дека некои по автоматизам ВЕДНАШ ги забрануваат. Ни предупредувања ни привремено. ВЕДНАШ. Не знам зошто. А зошто да не биде интересно за публиката?
Има цел список забранети, не мора да го повторувам. Следам случувања, а за секој случај ако има проверка на приватни пораки, имам објавено на профилот и адресата за е-маил за да можат лица да ми праќаат дописи вон форумските сервери. Се слушаат разни работи. И не заборавајте ВЕДНАШ да ме пријавите за да се надевате да ме забранат и мене.
Мора да се најде начин како да се искоренат манијаци од форумот. Пишав дека фетиш ми е маж со недепилирани нозе и гради, одма во инбокс ми пишуваат каде имале влакна и колку влакна точно дека е форум, ама нема никаква контрола врз тоа кој и како праве акаунт. Секако секој има право на мислење овде но не е прв пат некој да ми пишува пораки "дали моментално носиш танга" "бричена ли ти е" "јас имам голем ако сакаш" и други глупости а можам само да претпоставам кој седе позади екран, или тинејџер или пензионер со многу слободно време.
Можеби после секоја таква потенцијално провокативна порака би требало да има напомена дека истата не значи отворена покана за конкурс за заинтересирани лица. Како ова: НАПОМЕНА: не ми праќајте пораки во врска со ова. Немам интерес ни најмалку. Објавава е во смисол на отворена дискусија и размена на идеи. Нема тендер. Не се бараат понуди ни сл.
Исклучи ја опцијата да не ти праќаат пораки, и мирна глава. А манијаците не можат целосно да се искоренат, затоа што се пријавуваат и како женски профили.