Ама не може бре да заклучуваме сандачиња, да се покриваме, да ќутиме и да не коментираме во теми секс пошто има створови со две мозочни клетки, неписмени дебили што една простопроширена реченица не може да напишат како што треба и едвај чекаат женско да пише у темата за да се нафрлат како хиени. Не. Да се стаи цел подфорум за секс скриен и да може да пишуваат членови со над 200/300 мислења. Кога не знаат да се понашаат и се однесуваат како закоравени неебити, нема зашто да уживаат во тие теми. И ние жените сакаме секс, сакаме да си кажеме некогаш што ни лежи на душа, сакаме да видиме нешто ново и интересно и да прочитаме некое искуство. Многу малку, речиси ич жениве не се осудуваат да напишат таму, пошто пичкопатениците одма ќе настапат. Да не може жена да пише дека ужива у секс или некој фетиш, на фемина, во Јуни 2022 година. Недозволиво е ова.
Еее.... мене ме караа оти 'само на секс сум пишувала' Некој мора да почни. Уште нема критична маса. Ќе биди...
Не може да е во Скриено катче цела категорија оти некои можеби сакаат нешто да прашаат во таа категорија, совет да добијат, има што да се прашува оти има доста неедуцираност. Е со тоа што има демначи и манијаци, ќе се пријави пораката и толку, чао, бан.
Може само една општа тема за бременост и други прашања околу сексот да остане, а сѐ друго да се премести во скриено катче. Само тоа е спасот
Не. Спасот е да ги научиме да не се манијачат. Многу сакам да ни дозволат да ги објавуваме никовите на оние што се манијачат во ЛП, да ги прозиваме јавно.
Јазикот на форумот е македонски. Мислиш некој член цело време на англиски да пишува, во која смисла? За манијаците наједноставно е да ги пријавите. Имате порака, пријавете ја, во темата не им одвраќајте, само пријавете и ќе бидат и банирани и избришани. Нема потреба да им се реплицира и да се прават оф-топици зашто не, нема да научат така, бидејќи еве, 12 години и не научиле.
Ама ај да ги објавуваме јавно никовите и + да ги пријавуваме? Да отворите една тема што ќе биде исклучиво на англиски? Само не знам дали да биде ко СДК, или ко темиве за Чатање(ФМЌ и 40ка)?
Е добро ај ако не да отвориме и тема каде што ќе се пишува на француски, па потоа може и една каде што ќе се пишува на шпански итн. Ќе го направиме форумов интернационален, зошто да не. Место да си го негуваме нашиот јазик ние ќе пишуваме на странски јазици. Мислам дека ова не е потребно.
Зошто да не. Не има многу на форумов што знаеме и други јазици, добар начин да се вежба соодветниот јазик. Се гледа колку се негува македонскиот, пола форум зборува скопски.
Па ако се од Скопје, како да зборуваат, охридски? Ете, и Вајлд и Демонка пишуваат битолски, и баш ми се симпатични.
Па, има теми за англиски јазик.Не мора нова. Прашајте дали може во некоја од постоечките теми да има и муабет ако ви е за да вежбате.
Таа тема е конкретно за англискиот јазик.Да прашаме за некои граматички проблеми и слично.Не е баш за зборење англиски
Зошто пак да не? Не ќе заборајме македонски, ако има по една тема на повеќе различни јазици? Може ќе стане интернационален форумов... од кај знајш?