Остај бе,знам дека ќе го запостават и ова,како и темата за гатање и баење.Многу им е гајле што сакаме ние.
Знам за што е.Велам, ако сака @RainBow во таа нека ви одобри и муабет. Убаво е да се знаат странски јазици, ама нашиов треба да го негуваме.И форумов е македонски.
Од низата на непотребни барања, барање да се пишува на друг јазик. А да донесат нешто корисно, на пример да можеш да блокираш членови да не ти пишуваат или пак да го тргнат она со следење членови што освен за манијачење не знам која функција ја има. И конечно да почне да стига известување ако означиш/цитираш член и после редактирање.
Абе сите знајме дека ништо нема да добиеме. нив ако не му фаќа умо дека ќе има некаква материјална придобивка, нема шанси да сменат нешто.
Драга @RainBow смееме ли да пишуваме на англиски во темата Англиски јазик? Се надевам дека ќе размислиш за предлогот и дека ќе има позитивен одговор,бидејќи на некои членови навистина им треба таква тема. Благодарам.
Уште една тема за муабет не е потребна, на било кој јазик. Можете да четувате на четот на англиски, ама уште една тема за муабет нема поента.
Таа за гатање и баење или да ја тргнат или во Насмевка да ја префрлат(ама и за 2-во треба да пазат што се пишува). Како им се толерира јавно откривање на броеви и залажување на луѓе?
Кажете вие шо сакате, мене оваа вторава ми е многу пострашна тема од сите манијаци во сите други теми заедно. Ама вие си знаете...овај,...мислам... они си знаат
Модераторот напишал дека не смее да се пишува јавно телефонски броеви.И ние сме ги опоменувале. Гледам дека кога напишав дека не смее јавно да се споделуваат броеви,некој ми го избришал мислењето. Ама како и да е,тие пак не разбираат.
Како е пострашно? Ете има некои идат на гатачи, други кај астролози, трети купуваат тарот карти, нека идат луѓето нивна работа е. Од манијаци на пример не можеш слободно мислења да пишуваш.