Не сум те читала мор, жими во темата за евровизија. Ќе си ќути, ќе си се слика, и после од кај да знам ја како збориш, а? Сите шо пишат битолски ми се многу убај, без исклучоци
Не се толерира, бришеме броеви, пријавувајте ако видите. Ќе размислиме и што понатаму со темата. И јас навистина се надевам дека во следниов период ќе има некои промени, знаеме сите дека дефинитивно е потребно освежување.
Изгледај интервју со битолчанец шо збора литературно. Па нема полошо. Бетер од Македонец шо збора српски е. Јас би сите на дијалект да си пишиме, најубав дел од јазикот ми е. Различни, а исти, плус смешно е. Ќе го сфатам ко комплимент.
Да има опција да се пријави и тема. Спојлер За да ја пријавам темата Гатање и баење, зашто цела е за бришење.
Не ја чепкајте Гатање и баење темата. Каде после ќе се информирам колку дена да носам лист од фикус у левиот џеб за да ме штити од црни магии?
Дијалектите се богатството на еден јазик. И скопскиот е дијалект. Има премногу форуми на англиски и буквално секаде може да го вежба. Секој може да си членува каде сака. Има премалку на македонски. И јас сум за да нема тема на англиски или било кој друг јазик. Да има посебна тема за пријавување на манијаци (поточно нешто како ѕид на срам) е ок идеја но може да биде злоупотребена и да бидат пријавувани членови кои некому не му се допаѓаат. Праесмешки за бришење теми заради тоа што некому не му се допаѓаат е нешто што се коси со поимот „Online forum“. Не ти се допаѓа? Одмини. Толку е едноставно.
@cresa-jagoda е на маки со мене, де литературно и пишувам, де на дијалект, и да, скроз сељачки звучи Да си жива, ме пресмеа дека рече бетер е од Македонец шо збора српски
Многу лесно може да се модерира то. Ако пријавиш порака, со докази, тогаш ќе можеш да постираш ник на членот. Ако не, ти ќе кркаш бан. Voila
Леле колку без врска прашање праша. Секој знае, носиш навек. Ако го извадиш листот од фикус што патем со црвен конец треба да е изврзан одма паѓаш под зли сили. Читате недочитувате и после не чинела темата кога нема да ви фати.
Не е за смеење. “Гатачите“ и “Бајачите“ се измамници. Да му напрајш вакво нешто на бизнис, ќе те казнат, ама ако прелажиш физичко лице, никому-ништо. Баш тие што одат по такви работи се жртвите. Треба да им се помогне, а не да ги иссмеваме.
Леле Вајлд жртви биле, не зезај. Не е дека само кај нас идат на вакви работи, еве моментално па со онлајн услуги луѓето продаваат сѐ и сешто, ако си одлучил некој да ти ја чита иднината ок, си плаќаш и тоа е тоа, не си никаква жртва.