Јас да сум, би го направила казниво со закон. Измама за пари, казна затвор од 2-3 години. Па да видиш после како сите ќе заборат да бајат и да гатаат. Значи, одбираат луѓе кои се долу во животот. Со ниска самодоверба. Осамени. Во жал за близок кој починал. Со неизлечива болест. И на такви луѓе им продаваат мадиња за бубрези. Каква душа треба да имаш, да ги лажиш за пари, тие шо се најдолу во животот??? *А за гледање и баење и јас знам. Знајш колку е лесно??? Ехеее Ама совеста не ми дозволува...
Гатачите и бајачите се живи лопови и се согласувам дека треба да има казни за нив, и затворски и парични. Ама овие што одат и слепо им веруваат . Не може бе да бараш бајач за да те лечи од некоја болест во 21 век при толку доктори и болници, па уште пишале во темата дека по 500 евра им оставале. Да живеевме во камено доба па да разберам да бараат утеха во бајач. Ама вака не.
Живееме во камено време... Ни фали едукација. Пола од граѓаните што се останати во Мк се со основно образование. Што очекувате? Да не прајме муабет за очајот, кога си во неизлезна ситуација. Се' ќе пробаш. Лајна ќе пројадиш... да ми извините на јазикот, ама вистина е. Тетка ми, Бог да ја прости, то го велеше. Се бореше со неплодност повеќе од 15 години.
Ќе зборат битолски се разбира. Сепак има голема разлика од битолски и сите останати ако сме реални. Џоукс асајд, јас сум пред се за дијалекти. Ако не зборам на дијакет, ко ќе се читам не се "познавам" и не се доживувам како себе. Ама тема за зборање на англиски, колку и да сакам јазикот, да го мешам ( само во мислењево колку зборој сум измешала) и зборам - не ми е сфатливо. Ај мислење- две ради лесно изразување во сдк - шр. Колку често и цитирани аргументи се на англиски. И е разбирливо и никој не прај проблем за то. Ама цела тема каде един критериум е да се збора англиски ми е ... Чудно во најмала рака. Не сфаќам зошто. И не сфаќам како би се извело.
Ама не можеш да кажеш дека е измама ако се работи за спиритуална област. Како ќе докажеш дека тоа е измама кога вакви работи ниту се докажуваат ниту се негираат? На пример надрилекарство е забрането, и со право, ама не можеш да им забраниш на луѓето да веруваат дека комшиката им фрлила магија бидејќи е верување. Ете има тема и за натални карти, и таму плаќаат луѓето, па не гледам дека некој бара тоа да се забрани. Чил малку оставете ги луѓето на раат, има побитни работи од тоа дали некој ќе иде на бајачи, во црква или никаде.
Постоењето на господ не можеш да го докажеш ниту негираш. И има тоа и лична, интернализирана, и институционална (црква, џамија) димензија. Ама никој не прашува, во која црква/џамија/синагога да оди, и дали воопшто, секој тоа си го решава сам. Ко ќе тргнеш да прашуваш, кај да одам за да ми ,,погодат,, (што и да е тоа) или магија да напраат/отпраат за било што, е веќе друго...исто толку друго, ко да прашаш кај да купам марихуана непрскана или хашиш чист (исто, што и да значи тоа, тресам глупости, немам искуство во ниедна од областите ). И така, ај да го заклучам сандачето пак, пошто ќе навалат ,,поддржувачи,, на споменатата тема, може и некоја магија во сандаче ќе ми фрлат... Кој пиша, пиша, ќе се отклучам пак за 6 месеци можда
Верување и спиритуалност е едно, наплаќање услуги е друго Да е до мене и религиозни храмови ќе нема, или ако има, секоја услуга за без пари ќе е.
Јас колку шо знам кај ваквите бајачи/гатачи оставаш колку шо сакаш, како благодарност еден вид, а не ти наплаќа услуга.
Еве јас би направила натална карта, ама чисто за забава и за зезање, интересно ми е се што е поврзано со астрологија, ама да веруваш дека ќе си најдеш спас во животот да одиш на бајачки и гатачки е веќе сосема нешто друго .
Во време кај што секој си има религиозна слобода (односно да верува во што сака), нит се они жртви, нити пак прават нешто погрешно. Што има врска дали некој ќе оди на бајачка за страв, ако некој верува дека после бајачка нема да се плаши, навистина ќе биде така. Исто е ако некој отиде во црква и после тоа му е полесно.
Очигледно е дека проблемот не си го решават штом ја шетаат цела Македонија, во потрага постојано по некој што стварно знае да "гледа".
Еден профил откако ме откри кажува се на жена од таму си од фамилија од свекрва ми и таа на свекрва ми. Може ли нешто да се направи, треба ли да ја пријавам или нешто слично или тоа така си останува, прво на свекрва ми да почнам да и читам мислење пред да пратам за да знае да и каже пред време не особава? Зошто би се замарал некој до толку со мене? Поздрав патем
Не се замарај со свекрви и озборувачки ако не се они други ќе бидат. На никој не му е полесно после идење на бајачки ни духовно а ни финансиски. И да треба огромни казни за такви измамници.