Скроз исти ритуали. Зошто воопшто се потребни доктори, ќе оди на бајачка, решен проблем. Едните имаат диплома, другите имаат телефон/ локација кој се разменува по темите и лп. Све е таман
Ко ќе видиш дека поќе страници се напишани за гатачи и бајачи отколку темите за литература, образование, наука сфаќа чоек на шо дереџе сме дојдени. Јас сум да си стои темата, чисто онака еден потсетник до кое ниво сме ко народ оти посуеверен народ од нашиов нема изгледа.
Ама, не ги бришат одма мислењата со броеви.Дури и да пријавиш. А, самото постоење на темата е толерирање на манипулација и измама.
Ќе ве молам обратете пажња и во темите за астрологија има таму една изиграва гатачка, 21 век сме веќе
Бајачиве и гатачиве што се измамници, се. А овие што промовираат апчиња и чаеви за слабеење ај што пари, па и здравје ќе ти земат. Зашто тие теми не ги заклучите?
Темата за гатачите ќе се трпеше ако имаше дискусија, колку шо можи да има. Оти на исто ниво се и бајачки и хороскоп и цркви. Во шо сака нека верва чоек. А Паца од Ротино број, не е нешто шо треба да стои таму. Испаѓа од бајачки до брендови како Зара и ДМ можи да се рекламират, само некое мало скромно бизнисче со рачна изработка не можи.
Не мешајте религија и гатање и баење. Не се на исто ниво.Не се исто. Првото е спиритуално и институционализирано и ти остава простор да го или да не го одбереш. Второто и третото се видови на манипулативно надрилекарство.
Мене повеќе ме загрижуваат "клиентите" него ли бајачките и бајачите. Ај вторите преваранти. Ама првите што им се крие во тоа главите, страв ми е да мислам.
У право си, подобар пример е тоа со чаевите за слабеење. Мислиш дека е поразлично затоа што надрилекарството е прифатено ко нешто просто, уназадено (и навистина е) ама некој од нас ако е поедуциран на некоја тема исто гледа кон било какви погрешни информации на форумов кои исто можат да штетат на здравјето. Па и во темите за сексуално здравје има многу смешни совети и што? Малце одговорност треба да има и секоја возрасна единка која одлучува да се едуцира од форумов за битни теми како секс или лечење на болест. Сфаќам дека е манипулативно и дека треба да се искоренат, ама еве нека се пријави тоа мислење со споделени бројчиња, доволно е. На крај краева, тие луѓе што со последната тронка надеж се обрнуваат кон вакви ствари, ке најдат начин и ван форумов. Едноставно, сегде околу нас има лажни бизниси, залудни верувања (тука спаѓа и религијата колку и да велиш дека не е на исто ниво), дизинформации, ама од мое искуство секој што запнал по нешто по тоа и ќе оди... на форумов толку можеме да направиме, ама ако идеме по ваква логика цел форум да го избришеме, прво на ред за бришење категоријата за Гатање, втора по ред Корона вирус.
Па не можат одма, таму само @RainBow е модератор, кога има време за форумов, тогаш ќе брише. Некои членови сакаат експресно, во секунда да се избрише што ќе пријават (не викам за тебе ова). Нешто што не е ни пријавено многу веројатно и дека нема да види дека е за бришење.
Незнаење и очај. *Исто е и за надрилекарството. Познавам жена, која си го изгоре хранопроводот со варова вода, за да се 'излечи' од рак. Заврши на болница.
Добро бе,еве не мора тема за да пишуваме на англиски.Но ве моооолам да се избриши темата за гатање и баење.21 век сме,алооо!
Да де, ама тие се истите оние што например во колумбија, бурунти или некое пи.ке материне место, ќе си го убијат детето на пример ако мислат дека го опседнал демон. Не е само незнаење. Дел од психата е. Не се повредуваат само себе. И други повредуваат.
Дел е и тоа, но постојат одредени типови личности кои на пример се верски фанатици, повеќе веруваат во натприродност, попараноидни се. Посебен психолошки тип. Еве и ти си растена ао ист град со верски фанатик можеби, па не си тоа. Ниту па нив им трубеле нешто посебно дома господ црквата, едноставно им кликнало во глава. Комбинирано со незнаење, бинго. Ете и бивш премиер имаше гледачка, па не беше необразован. За очаен не знам, ама психички начнат, тоа сигурно.