Неколку пати е кажано во темата да нема префрлување на расправии. После твоето мислење веќе имаше куп оф топици со кој, како зошто, каде се искарал... А темата не е за тоа, секогаш се бришат таквите мислења. Затоа и е избришано во 40ка, за сите што се прашуваа.
Ти благодарам на одговорот. Не мислев дека префрлам расправија, повеќе беше да искажам згрозеност од нешто што треба да биде основа за траен бан ваљда , кога некој ти вели да парафразирам, имам приватно инфо за тебе, и ако не заќутиш, ќе го употребам. За мене тоа е доказ дека треба да перам раце, зашто на специфичен тип на ликови, не можеш да им докажеш поента, ако не им се чини во моментот дека им одговара. Јас пишував во темата често, само сакав да кажам дека престанувам зашто ама буквално ми се грози од такви ниски удари. Енивеј, златен 'блок' постои. Само да не си мислат членките, како што јас мислев, дека сите се таму возрасни, избалансирани личности. Ноуп. Фала на известувањето.
Зошто ми се избришани коментарите во актуелната тема со патријархалниот дечко @RainBow ? Немој да ми кажеш дека биле офтопик или нешто слично, а коментарите од дечкото кај што вели дека жените се глупи и вредноста над 25 години им опаѓа стојат. Скоро сите негови коментари се за бришење и повеќе пати повеќе различни членки посочија, ама го размрда форумот, многу кликови или што?
^БожЕее, стварно @RainBow што е со темата? Трол ли е, глуп ли е, нот мај проблем, ама ако ништо друго не гледате за грев , еве основ, пишува глупости на латиница. Ај пуштете правосмукалка прописно
Во неговите постови цел женски род го вреѓаше и тоа на женски форум, ама само нашите избришани. Кога веќе неговите ги оставија, требаше и нашите. Барем известување да пратеа зошто се избришани, ама ни тоа.
Зошто воопшто реплицирате? Знаете дека ќе биде баниран и избришан, зошто воопшто трошите време? Пријавете и толку, колку повеќе им реплицирате толку само сила им давате.
Баш ради то не требаше да се бришат мислењата, оти се реални и на секој чекор. Само требаше да се префрлат во некоја тема именувана "од какви луѓе да се пазите" или "како не треба да се размислува во 2022" и со 50 извичници.
Ова ти е многу добра идеја Види Реинбоу, размисли. И прикачи го на врвот, како предупредување за сите жени... дека Фемина.