Да, сигурно, ќе им даваме уште толку простор и муниција. Се дискутира со некој што не трола и што и да има поинакво мислење знае како да го изнесе. А не вакви тролачи кои само се зафркаваат, па да стане форумот место за зафрканции и тролање на големо. Не.
Дозволувате на женски форум да се отвори тема каде што се понижува жената до макс и тоа трае 3,4 дена Реин, мора побрзо да реагирате. Треба малку повеќе да се заангажирате за форумов.
Коментарите уште му стојат, и сега проблем е што ние реагираме на него или неговите што уште стојат толку долго?
А зошто јас тоа што го пишував со @Directioner005 е избришано а стојат другите мислења, иако нашето беше во склоп на другото...? ич не ми е јасно како одлучувате што да бришете а што не.
Искрено, не знам зошто @RainBow ја отклучи темата. Членки бараа совети што никој со здрав разум не може да им ги каже. Колку пати се потресовме дур читавме и пријавувавме мислења, а модератор немаше одма на повидок. Така што ако не мислите редовно да пазите на таа тема, поарно пак да иде под клуч и уште подобро во Канта.
И да пазат, џабе е. Пошто не знајме на кој што му е тригер и најдобронамерниот совет, може да ги 'фрли преку работ'
Мислам пишав во темата убаво објаснување. Таа е секако за дискусија само, го постирав воведот за потсетување.
Видов.Не верувам дека тоа би спречило некој да побара совет каков што не можеме да му дадеме. Поради тоа велам Црешка, ти и администраторите да одберете дали редовно ќе пазите што се пишува во двете теми или ќе ги заклучите и кантосате ако не ви се пази. Арно вели Вајлд, и најдобронамерните совети може да нанесат штета.
Најдобро да се заклучи. Тоа е тема кој е строго и исклучиво за стручни лица... Мислам... Психолози или психијатри, а не за ние да изиграваме експерти. Таа тема е буквален РАБ.