Каде да се обратам на форумов за да си го вратам стариот профил? Освен RainBow Незнам кој емаил го имам ставено а ни лозинката на профилов на фемина не се сеќавам одамна ја сменив ?
Ти благодарам на брзиот одговор .Од саботата чекам и одговор немам од Реин. Профилот 10 години го имам и не сакам нов. А не се секавам кој емаил пред 10 години сум го ставила .
Немам пристап јас до тие податоци. Ти пишав дека пренесов и ги потсетив администраторите... Се надевам наскоро ќе одговорат.
Дали ако притиснам "игнорирај" личноста ќе дознае за тоа? И дали сеуште ќе ми стигаат пораки од него?
Нема да дознае. Нема да добиваш известувања за нови мислења, ниту ќе ги читам неговите/нејзините мислења доколку сама не кликнеш да прочиташ.
Зошто некој профил би имал ограничувања за пишување мислења? Имам другарка што има направено акаунт многу оддамна, реши да е активна, ама вика дека ѝ пишува дека нема доволно привилегии за да пишува тука. Не можи ни лп да пишува на модератори/администратори. Има начин да се оправи или нов акаунт му е мајката?
Нека провери да не има нешто на имеил порака од Фемина дека треба да го активира профилот. И јас го имав истиот проблем, но кога разбаратав повеќе по форумов, видов до што е проблемот.
И шта чемо сад ? До кога ќе терате вака ? Очигледно жената има нерасчистени сметки со некоја членка штом продолжува да пишува на форумот. Не е лошо да си признае која членка се има рчнато со Кара Миа и еднаш засекогаш да се реши каде лежи проблемот. Тоа што вие по милион пати ја банирате нема да реши ништо оти и она знае да отвори милиони нови никови . Наместо да си ги решите проблемите ко возрасни личности, вие се бркате по темите и ја пријавувате за банирање. За се во животот постои причина, има нешто и нема да се реши со банирање .
За жал се уште немаме некое потрајно решение, освен банирањето. Неколку пати имам кажано веќе, има објавено лични податоци на членка, со слика, комплет, не толерираме такво нешто и секогаш ќе биде банирана, ама баш секогаш. Е сега, ако нема попаметна работа и само да прави профили кои и се банираат, да вложува време во смислување на приказни, тоа е нејзин проблем, кој се надевам ќе го реши и ќе престане овде да замара. Толку за тоа, веќе нема ни смисла ни поента да се образложува истото по милион пати.
Абе она нема попаметна работа, ама и форумов колку се опсесира со членкава е фасцинантно Уште се мислам кој се замара кој профил бил дупли на кој. Ќе си речеш Пентагон е не Фемина. Не е ни толку тешко и 100 профили да креираш искрено, може и на лагер си ги има Она може си нема друга работа, ама не дека другите што следат секоја секунда дали таа се вратила имаат попаметна работа.
Нема поента, а? Ама, има.Се работи за нарушување на приватност и безбедност. Не оставајте само на надеж.Гледате дека упорно се враќа. Нешто правно преземете. Додуша, тоа требаше уште кога ги објавила податоците.