Ко прво, што ми е гајле. Ова е форум, не сме друштво или фамилија па да даваме втори шанси. Ко второ, забрането е да се има дупли профил. И ти да направиш друг профил и да се дознае тоа за сигурно, ќе ти биде баниран. Ко трето, КараМиа има објавено податоци за некоја членка со име, презиме и слика (како што јас сфатив). Кој гарантира дека утре за тебе нема да го дознае и објави истото? Тоа е опасно и не може да се дозволи таква членка.
Па и јас знам дека има, ама правилото е дека не смее, буквално првото правило на форумот. И јас имав друг профил порано и ми го банираа. Можеби смее ако целосно прекинеш да го користиш првиот профил. Нека каже некој.
Наводно ако најавиш на главните дека ќе направиш нов профил и престанеш да го користиш другиот било дозволено. И од еден профил некоја на еден начин се претставува, после од другиот на друг начин, од третиот ќе биде мајка, четвртиот слободна 20 годишна девојка и такаа
Не сум знаела. А се чудев зошто некои членки се очигледни, а не се банирани, ама сигурно е најавено шознам.
Во ризик да звучам површно, шо сум, ќе речам дека не би праела нов профил и не сфаќам некој шо прај по 1439423 зошто едвај се посветвам на еден. Вистината е дека е тешко да се крени добар коефициент на лајкој. Инаку и друг пат имав прашано само не памтам дали во ЛП или јавно, ама да ако некој се најави за нов профил - добива нов профил со то шо веќе не можи да го користи стариот. Прво ќе прокоментирам за веќе банирани членови - не е фер да можи да се вратат со нов профил зошто сакаме местово да е побезбедно за нас за изнесвање на мислења и без навреди и без доксинг ( за шо уствари е крива КараМиа/ Вичи/ Дими и сите останати личности нејзини). Иако сум поќе за да се има како правилник со „негативни поени“ и да нема трајни банови сем ако не е стварно страшно потребно. Ама тој систем на негативни поени да биди транспарентен, да не сме изненадени оти некој е баниран сега, а не тогаш и да споредваме „криминали“ со други членови. Пошто некој се банира за 20498732 мали грешки, некој за една ама стварно голема. И со некој систем на поени ( и долго време без прекршок - бришење на негативни поени) сите банирања ќе се очекувани и нема да има недоразбирања и карања. Нејсе. Второ, сакам да прокоментирам за стари членови кои решаваат да „свртат нов лист“. Искрено и то не го сфаќам. Мислам сфаќам од кај иди, ама мислам дека е малку глупо. Сфаќам пошто сите имаме одредени мислења за членовите, створаме тука пријателства и општо во онлајн свет. Е сега некои мислења не се најпозитивни или кажваме нешто за кое се каиме. Сакаме да се оградиме од тоа ( иако е дел од нас) и ете прајме нов профил. Или, често сме сведоци дека некогаш некои работи не можи да не се префрлат на некој член ( неќам да именувам ама ако некоја некогаш напрајла икс работа и сега збора неповрзано на друга тема, некоја друга членка ја потсетва со „а ти ова и ова ко праеше“) и ради ова ја сфаќам потребата некоја да сака нов профил. Ама ако кажи која е, и е транспарентно пак ми е ко - ок, и? Шо постигна? И за ова имав предлог - да има под новиот профил нешто ко „староновчлен“ или „returning“. Да не пиши кој член беше, нека остани то на желба на профилот дали сака да сподели, ама да се знај дека не е апсолутно нов член и дека е уходан во поќето работи шо се имат случено тука. Во последно не читам многу али Дими ми беше сумлива, не дека е КараМиа туку дека е трол. Уствари кога и да сум се думала дали е некој трол испаѓала КараМиа во најголем %, ама сепак не секој трол е КараМиа, ама КараМиа секогаш е трол. #МудростиСоДемон П.С. Не знаев дека толку долго прај профили. Баш сега прочитав година сте пишале и бев ко :о. Стварно мислев дека беше корона срање, а не долго пред корона срање. Ама then again, мене времето во глата не ми течи ко шо треба секогаш па не е ни ова нешто вау ново чек како можи од тогаш момент.
Јас ко бев мала сакав нов профил пошто со некои членови се знам од irl и буквално ми беше глупо да си пишувам што сакам. Сега секако не е битно сите сме пораснати и зрели. Мислам дека ако нечија приватност е загрозена, океј да отвори нов профил. Ама сега не бива сите така да направиме.
Не треба да им се дозволува да се враќаат со нови профили, особено не на тие кои вреѓале членки. Ако веќе се дозволува, тогаш тоа треба да биде опција само за фини и културни членки.И сите треба да знаеме дека се стари и вратени членки.Поради нашата безбедност треба да знаеме. Идеите на @theowndemon се одлични. @RainBow Дај, пренеси им ги на Михајло и Фемина. И за предлозите во темата за предлозите нека се решат еднаш.Форумот презастарено изгледа.Редно е да видиме некаква промена.
Значи не е ич убаво да бришете на сред развиена дискусија мислења. Зборевме за релативно јавна личност на тикток.