Во категоријата БЕБЕ има убава позадина да позавиди човек Зошто не се потрудите и во други категории да има убави позадини?
Ајде и јас да ве прашам овде. Не знам кој модератор брише во темата Снаи и золви, но одкога е навреда да пишеш дека може да се најде работа без врски а да нарекуваш некој стара мома не е? Ама никој не ми е крив, одамна ги следам струите овде, јас сум глупа изгледа што си го губам времето помагајќи и делејќи совети за жени да најдат начини да бидат што посамостојни, мислев дека форумот е во интерес на жените, но изгледа треба да им викаме седете си при мажите и свекорите, гледајте сѐ да им е послужено, идете си по бајачките и гатачките и светици ќе сте, жени, мајки, кралици, домачици.. што ќе ви е учење, работа, нека ве малтретира кој стигне, маченички, гледајте си ги турските серии и адиос од мене.!
Истото сакав да го пишам, сите мислења ми се избришани, имало кавги и навреди а немаше. Ама ајде си викам нека им стои. Изгледа повеќе се цени “стара мома” и “се знае како си го заработила станот.”
Се модерира како мачката со опашката. Али темата е во духот на новите препораки од министерството, слободно творење за да се забавља народ
Има ли пилот во авионот? Доаѓа друга жена на женски форум и пишува на други жени со изрази стари моми, без деца, кажува се знаело како се заработувале пари ако се жени (алудира на проституција!), вреѓа нивни дечковци и меша мислења од други теми. Пријавувам од вчера, пола избришано, пола не, ништо не се направи, за таа членка ништо не се презема? Си продолжи со истото како ништо да не било, а на женски форум е. После вакво нешто ќе размислам дали вреди да седам тука, за некоја да ми вади лични работи од други теми и да зема за право да го меша и напаѓа дечко ми. Мислев дека е женски форум, се бориме за феминизам и одење малку напред од заостанати мислења. Изгледа сум била грешка. До некои поубави времиња. Мило ми беше. Не сакам да сум дел од место каде се понижуваат и навредуваат жени на тој начин. Да сакав, на кајгана ќе бев, не тука.
Јас си кажав отсега само сеир ќе си гледам тука. А модераторите се изјаснија со селектирањето мислења од "снаи и золви" каква публика им е таргет и какви амбиции имаат за жените на форумов.
Збореа за осет и на крај на членка и пишаа боли а? Дал да се смееш или да плачеш работава. И тука ќе не избришат, веќе видено. Ајт.
Ми фали @Feminka22. И јас се мислев што ја нема. Инаку, да, на форумот баш некои членки кои се сметаат за најмодерни, само следат, читаат, поврзуваат, каде што си пишал, за да го извртат и ти го плеснат во друга тема, а може и да те помешаат со некој, па ни крив ни должен да те навредуваат. Има и навистина паметни теми, ама таму некако послабо се дискутира. Еве јас добив порака во инбокс, демек што пишуваш таму курсеви, сертификати, тоа се празни муабети, глупости. Што да кажам, едни исти глумат Европјани, а во суштина се во времето на Отоманска империја застанати.
Не знам кое е најлајкнато, ама треба да постираме јајце и сите тоа да го лајкнеме за да имаме рекорд ко на инстаграм. (ако знаете за што зборам)
Мислам дека е она ,,што и ти не ги сакаш во твојот пол" на многу места го имам гледано ама не знам во која категорија е