И мене ме интересира истото Си пишував сабајлето пред месец дена сѐ онака нормално, после 2 саати да пишам, оп банирана месец дена Лагано.Од ракав. И пак ќе бидам осеќам. Анархија. @Tanjamm гушки до тебе @nextredstyle никад нема да добиеш одговор..
Сериозно не ти е јасно зошто си банирана? Прочитај го последниот разговор. Се надевам овој пат ќе ги почитуваш правилата на форумот.
Pola od clenovite ne gi pocituvaat pravilata na forumot, taka ko so se pisani. Mene vklucuvajki me. A nema smisla da gi baniras site, neli? *dosadno mi e, pa se cepkam
Мене ми е досадно да го слушам истиов муабет на секоја страна во темава кажан секојпат со потполно ист тон, демек никој што е во моментот баниран не го заслужил банот и секогаш некој друг повеќе го заслужува. Има пропусти, но има и хронично проблематични членки кои си го полнат досието додека не е преполнето и не е исто со некој кој 2 пати бил избришан затоа што не ги испочитувал правилата. Никако не може да ви се угоди.
Заслужени ми се бановите. Знам и зошто се. Ама има луѓе кои заслужуваат и перманентни, ама така фино е завиткано нивното навредување, што треба како случај да го поставиш пред судија, да цитираш различни постови, од различни теми, пишани во различно време, за да доследиш до кај оди безобразлукот. И сеа, пошто нема да седат модераторите и да читаат се' со ред , најлесно е да се банира тој што се напорен. Оти штрчи ко рог. Во моите постови ќе видиш и псовки и се', во оние 'гореспоменатине', нема ни да разбериш шо пиши. И се разбира, има и такви на кои им се прогледува низ прсти. И мене ми се прогледувало. Признавам.
Па не е секогаш фер, ама и тоа го разбирам, оти со еден вистински модератор/администратор, кој има можност да банира, и премногу е ова што го добиваме.
Зошто сум баниран од темата во СДК? Ради спам ради оффтопик? Епа зошто тогаш во темана "кој е ваш идеален партнер?" не се бришат мислењата кога членката буквално ми се качи и ме напна како јас сум одел со девојче што не сум го сметал за идеално за мене? Темата е во форумски игри и од забава објавив слика. А да и што толку на одредени членки им сметаат машки членови на форумов? Ако е за така зошто дозволувате и машки да се зачленуваат?
Сите понекогаш претеруваме. Ама многу сме, со различни карактери, возрасти и не можеме сите исто да мислиме за одредена тема и тука доаѓа до конфронтации.
Во ред е и да претераш, во ред е и да те банираат - ако претераш. Не е во ред, кога за исто-различни членови, добиваат различен третман, во различно време. Ко ќе е: Како за еден, така за сите - ќе се намали тро тензијата околу то кој-зошто-како е баниран.
А, зошто вие се зачленувате на женски форум? Дали машки ќе се зачленуваат не може никако да биде регулирано и нема логика јавен вебсајт/форум на интернет да биде забранет за некој. Тоа не менува дека форумов е наменет првично како место за жени, и самиот Фемина вебсајт е таков. Нормално дека нема да разбереш зошто на нас жените ни е потребно женско место за анонимен муабет, споделување проблеми и барање совети. Ама ако си веќе тука минимално што можеш да направиш е да сфатиш каде ти е местото и да не се утураш у муабети за цицки со невкусни „шеги“.
Значи јас ги разбирам членките. Сепак, форумот е женски и има многу тачка машки членови за коишто никогаш не е речено ,,што бараат на женски форум?" Никад не било речено за Ортофил, Кечо, или Пецо пример (и многу други ама за потранспарентно постариве ги дадов за пример). Сега женски форум е и се очекува некад да се праат баш женски муабети, што ако се праат со машки погрешно ќе се разберат ко последниот шо беше во СДК. Е сега машкиве членови коишто се секогаш добредојдени овде, за време на такви муабети им е незгодно, како коа ќе се замуабетиш со комшиката за марка градници на пример и маж ти си излага оти нема што да каже и би било глупо да каже. Форумот е женски така што се очекувани такви муабети. А, машките членови се очекува да почитуваат, а не уште да провоцираат. Значи машки членови не сметале. Теми како Совети од машка страна за сите девојки и обратната се доказ за тоа. Одредени видови однесување сметале. И првиот пристап да е погрешен а да не довел до траен бан не е крај на свет ако си се адаптираш и имаш убава интеракција со членовите тука. Ни ја сигурно не сум била 100 посто коректна во сите ситуации. Важно е да се оди со свеста дека зад тастатуриве и екраниве има вистински луѓе и според тоа да се однесува човек и грешката да се обидеш да ја надоместиш со убаво. А не оти ти било згазнато на жуљ да отвараш 5394858394849 профили и да напињаш луѓе коишто вон форумов не се твој проблем ни ти нивен.
Ама едно е еднаш да кажеш друго е по 120 пати па дури да се наметнуваш и секое 4то мислење да ти биде посветено за машките на форумот какви биле. Немора да значи дека ако повеќето се такви и другите се. И сарказам малце разберете некој пат.