Мене конкретно, многу ме нервира што можи да те банираат перманентно, ама не можи да ти ги избришат постовите. Да ми забраниш пристап до моите постови и да профитираш од нив? Мало морген!
А рекламите ги добиваат врз основ на тоа колку се читани / посетувани, така што да, мислењата на членовите го прават форумов популарен и сопствениците заеаботуваат од истите.
Интересно за рекламите кога ќе спомнете, како да вриело на форумов од реклами, па толку било искористено вашето пишување по фрумов. Всушност, во толку години, на прсти можат да се избројат колку биле, колку некои основни трошкови да се покријат, баш поради тоа мрчење кога имало било каква реклама, така што, мислам не сте толку експлоатирани.
Со сиот ризик да ме избрише пак администрација, да кажам. Форумот и фемина.мк се исто. Кликовите се на исто место. Рекламите се најчесто на сајтот, ама ги добива заради кликовите ( од форум плус сајт, а на сајт малку идат заради содржината, има тема за сајтот, едно позитивно мислење нема). Цената на рекламата е јавна и еве колку е: http://www.femina.mk/маркетинг/ценовник Има значи и 890 евра неделно. Една убава плата. Ако основни трошоци се плати на вработени, тогаш индиректно платите преку нашата волја се добиваат. Ако ние не пишуваме, нема кој да чита, нема кој да клика, нема кој да плаќа реклами Не е на одмет да ги почитувате членовите, а не администрација да се однесува кон нас како стока. Јас лично не пишувам повеќе заради тоа што администрацијата не ме почитува после 13 години тука. И самата администрација не ги почитува правилата на форумот,па наместо извинување,применуваат бришење. Тоа е навреда. И овој пост ќе ми биде избришан оти не им одговара.
Па, не знаете рекламите да ги ставите на форумов како што треба. Штрчат на цела страна, ја грдат позадината и сметаат наместо да се во мал ќош како што се на Кајгана. Сајтот е катастрофален. Текстовите се полни со правописни грешки. И имиња на познати личности често се погрешно напишани.Ова на форумов не е проблем, ама на сајтот е срамота. Напишаното е досадно. Треба да има едукативна содржина, а не глупави натписи и детски коментари за познати личности. Сајтот е читан само поради форумов.Форумов е попопуларен. Колку пати ви се посочени мааните на сајтот и форумот, а вие не слушате. Не ги цените нашите мислења.
Како и да се стави нема да чини. И со наградни игри, пак не чинело. Едноставно нема да се погоди, ниту се погодило некогаш. Тоа дека сајтот е читан поради форумот исто не би рекла, колку пати самите членки пишувате дека не ни го отворате сајтот воопшто, еве и ти сама си пишала, така што е контрадикторно дека посетите на сајтот оделе преку форумов. Пак ќе речам, контрадикторно до крај. Фактот е дека нема реклами на форумов, поради неодобрувањето на членките и тоа е тоа. Самите на форумот викате не сте ни отворале сајт, што значи дека преку форумов не оди читаност на сајтот. Така што доаѓаме до тоа дека не е до трафикот овде, како што сакате да кажете сите.
Преку шо оди? Чоек, на гугл шо и да бараш на македонски, форумо ќе ти излези. И таму мојш да закупиш рекламен простор... ако не. Интернетот е поле за економски натпревар меѓу народите
Како епп ќе дојдам ама ај.. сменете си го астрологот. секој месец ме мажи и раѓам една деценија уназад.
Мене кјут ми се реклами на форумов од типот како што беше банерот за форумџика на годината. Ме плаши воведување на реклами што излегуваат на секоја страна додека читаш и ако кликнеш те носи на веб сајт.