Ама од каде иди трафикот? Си ги пишуваат секој пат кога се логираат, линк кликаат од букмаркс, од интернет, од каде?
Посетите на сајтот претпоставувам ви се најмногу од социјалните мрежи, како и кај останатите сајтови со слична тематика. И зошто дозволувате членовите да ви одлучуваат дали и колку реклами ќе поставите на форум, тоа треба администрација да одлучи бидејќи вие си ја знаете најдобро математиката за одржување и функционирање.
Јас не би сакала да одлучувам дали ќе имаат реклами, или не. Ама да не се прат газди на туѓи авторски дела и притоа да профитираат. *Муабетот од почеток де...
Доколку ги почитуваш правилата на кои си се согласила кога си го креирала акаунтот никој нема да те банира, или како шо велиш ти да ти забрани пристап до твоите постови кои и така се јавни и можеш и без профил да ги читаш. А за да профитираат од твоите постови конкретно би можеле тогаш кога би имало на пример ВИП секции и би се плаќало за пристап до нив.
Без профил се читаат, ама без профил не се пишуваат. Зад профилите се луѓе. Правилото не им е во ред. Ако некого банираат перманентно, треба и постовите да ти ги избришат.
Редакцијата на Femina.mk и тимот на форумот не се одговорни за која било содржина или профил генерирани од корисниците. Мислењата и пораките, односно текстовите на овој форум се лични ставови и погледи само на авторите кои ги поставуваат и не го одразуваат ставот на редакцијата на Femina.mk. Авторите на мислењата се одговорни за нивната содржина. Ние не гарантираме за точноста, прецизноста или комплетноста на информациите. Со регистрирањето на форумот автоматски се согласуваш дека нема да поставуваш содржина или линк до содржина која: е навредлива, сексуално експлицитна; шири омраза; поттикнува на нелегални дејствија; содржи закани, клевети, спам, лични податоци за други корисници; или на кој било друг начин ги нарушува постоечките закони. Ги задржуваме правата да ја отстраниме или измениме секоја поставена содржина без објаснување. Ти гарантираме дискреција доколку имаш барање до администраторите за отстранување или измена на некоја содржина. Го задржуваме правото да преземаме дејствија против кој било член на форумот, во кое било време. Со користење на кој било дел од овој форум, се согласуваш со правилата и условите за користење на форумот и ни даваш трајна, неотповиклива и неограничена дозвола да ги користиме и објавуваме твоите содржини поврзани со нашата услуга. Но, ти ги задржуваш авторските права врз содржината. Доколку сметаш дека ти е нарушено авторското право, контактирај администратор. Femina.mk ги задржува авторските права на сопствената содржина. Не е дозволено нејзино користење за нелегални цели, како и користење за други цели без претходна писмена согласност од администратор. Ако не се согласуваш со овие услови, те молиме да не се регистрираш на форумот и да не ја користиш нашата услуга. Ова си го прочитала ли пред да се зачлениш и пишуваш? Бидејќи, колку и да велат и мислат дека не е така, сепак се слушаат членовите. Им сметаат реклами, се гледа да се што помалку, како што реков. Плус, секогаш се гледало да има и некоја наградна игра во склоп на промоцијата, за да добијат и членовите нешто, ама ете... А може да има баш интересни промоции и кампањи поради тоа што е посетуван форумот и читан. Ама, потоа како ќе има негодување дека се профитирало од нечии постови... Иако секоја платформа на интернетов од која сме дел е бомбардирана со реклами. Тоа е. Ама, на форум на кој што сме секој ден ни смета ако имало некаков профит и„трафик“.
Не е ништо чудно ниту пак лошо да се заработува од форумот. Хостингот и доменот коштаат пари, а најнормално е да заработат сопствениците/администраторите, не верувам дека на некого од тука би му било хоби да оддржува и плаќа веб страна/форум...
Ок, де... само да не не праат глупави оти заради сајтот добиваат реклами. Оти квалитетен е многу. Форумов е популарен заради сајтот, не заради членовите
Е пак тие луѓе ќе почитуваат правилата на кои се согласиле и сите среќни и задоволни. На кој му смета нешто што не е негова работа слободно нека го напушти форумот, но знам дека нема никој да го направи тоа, посебно не поради рекламите или можеби некој мал број, и да добро би било кога би имало повеќе промоции, кампањи, наградни игри и сл.
Леле мајко која логика, од што многу мрчите малце реклами ставаме. Ај важи ќе ви верувам A можеби, само можеби и не сте толку wow ко што се замислувате вие како сајт/форум. Да имаше побарувачка за повеќе, сигурно ќе стававте повеќе реклами и уво немаше да ви чуе дали се мрчело помеѓу членството Смешки живи.
И форумот на вас ви нуди место за забава и социјализација, не знам зашто да не профитира. Као криво ви е? Не сфаќам.
Не можете да се зачлените на форум каде пишува дека не се бришат профили (односно мислења како целина на профил) и потоа да се жалите зошто нема да ви ги избришат мислењата поради било која причина. Што се тиче реклами, мислам дека е океј да си ставаат какви сакаат реклами на форумов - сегде на интернет има реклами и ќе се навикнете/навикнеме, но во исто време уште ми е грдо кога ќе помислам што рекламираа на веб-сајтот и можам јас лично да си одлучам дали сакам да отварам форум кој во очи ќе ми втура... да кажеме, неквалитетни производи.
Не ми е криво да заработува, криво ми е да заработува на туѓ грб. Членовите го прават контентот на Форумов. И то најобемниот контент на македонски јазик Супер. Терај. Прави контент ти и продавај го. Ама мојот/твојот и плус да ти забрани пристап... не дај Боже да побараш да ти избришат пост. Па то... сенкир кај Папата се обраќаш. Сите социјални мрежи дозволуваат бришење профили. Башка, Фемина, како ентитет, отворено се оградува од содржината на постовите и отворено ги декларира како 'туѓа сопственост'. Епа брат, извини... ама на 'туѓа сопственост', може кај мајка ти. Не со моите 4 години потрошени на форумов. И сите треба да си го цените времето и енергијата кои ги трошите овде. Оти тоа е она на што се заработува.
Контрадикторни им се правилата, а јас потпишав (се зачленив), во период кога тие беа валидни. Се оградува од постовите, ама не дозволува да бидат избришани. Ко: Не е мое, ама ќе си го користам... шо ги е*аам. И еден денар да има профит, имаме право да ни бришат било што - што сме пишале, а сега не сакаме повеќе да стои.
Значи ти одлучуваш кај ќе го трошиш времето, на нивна платформа си која ти овозможува дружење, разменување мислења, ставови и сл. Имаш опција сама да направиш форум па да профитираш поинаку ми нема логика да се бунам што е до мене би ми сметало само ако рекламите го кочат форумот или слично. Ако се бришат тогаш дискусиите и реплицирањата што биле ќе немаат смисла. Треба да се земе у предвид ако има добра причина па да се избрише знам и на кајгана не може да бараш мислењата да се бришат. Едноставно ќе размислиш пред да пишеш, половина час имаш време за пишманење.
Види, за ти да можеш овде да пишуваш и да го споделуваш своето мислење некој потрошил време и енергија прво ова да го направи. Друго, ова е форум на кој се учествува во дискусија, не е социјална мрежа кајшто си објавуваш што сакаш, па ај ќе си избришеш. Тука некој друг потрошил време да ти реплицира, да ти даде одговор на нешто и потоа ајде ќе избришеме. А што е со туѓото потрошено време? Која смисла потоа ќе ја имаат дискусиите ако се брише на секој како му текнало? Тоа правило постои откако постои и форумот, не е од вчера. А, ти си се зачленила, значи согласила.
Дека ги „користат“ твоите постови за профит е многу тежок збор пошто е многу индиректно. Демек ние пишуваме на форум, другите кликаат, и пошто другите кликаат е добро место за реклама и оп преку реклама пари им даваш... мислам дај. Ко цела Македонија да се вклучува да ги чита твоите мислења, извини. Сите знаеме што е форум - анонимно е, место за дискусија е, си има свои правила... Фемина не е единствен форум на интернетов и особено не единствен кој функционира вака. Да се навратам на твоето првично мислење, кога си банирана, твојот профил е на некој начин избришан - не можеш да тагнуваш, не се појавуваш во search barot итн. Мислењата, нема логика и не би имало смисла да се избришат, и оние мислења кои остануваат се оние што се совпаѓаат со правилата на форумот. Ферски.