Со регистрирањето на форумот автоматски се согласуваш дека нема да поставуваш содржина или линк до содржина која: е навредлива, сексуално експлицитна; шири омраза; поттикнува на нелегални дејствија; содржи закани, клевети, спам, лични податоци за други корисници; или на кој било друг начин ги нарушува постоечките закони. Вицотека. Ова правило ви е однесено во Светот на бајките. Треба да гласи: Со регистрирање на форумот се согласуваш да го прекршиш секое правило. 99% овде прекршиле некое правило некогаш.... меѓу кои и јас. Единствено правило што важи овде е тоа на која нога се станати административците.
Не знам која ти е поента на мислењево, океј сите прекршуваме правила, ама не пишува дека ќе те банираат автоматски штом прекршиш некое правило. Пример, ако сум имала навредливо мислење мене ми го имаат избришано, следно би било опомена. Откривање лични податоци е автоматски бан, не е исто. Нормално дека ќе се прекршуваат правила на анонимен онлајн форум кај што најстрашно нешто што може да се случи е бан, нема друг начин да контролираат и ,,заплашат". Нивно е да ги пишат правила на форумот и да го претстават дека не правда омраза, откривање приватни информации, навреда итн. и да го оддржуваат таков со бришење, банови. Не збори за пропусти, пошто не ти беше тоа поентата. Како сврте форумот да ти е крив што ти прекршуваш правила? Не сакам да сум во позиција да зборувам мед за форумов, ама некои работи од инат ги кажувате
@WildMk кога ќе решиш да престанеш да пишуваш на форумов ќе бараш да ти биде избришан профилот? Никој не ве тера да пишувате тука, едноставно е. На ништо нема да личи форумов ако почне да се бришат профили сосе мислења. Само профил е друго, ама да си остане и никот. Интересни беа времињата кога ДМ даваше награди.
На форумов едни исти ликови тераат правда. Сега рекламите се проблем, после нема да бидат проблем ако даваат награди. На крајот испаѓа дека за награди би седеле и пишувале овде.
Ако одиме по логика дека Фемина профитира од мислењата на членовите и нивната читаност и кликови, сигурно тоа би било од мислења за совети, препораки, дискусии за бременост, диети и фитнес, свадба а не кој со кого и кога се изебал ама ај...
Абе и да профитира, ако не сакам- нема да пишувам. Јес да многу ствари и мене не ми се свиѓаат, како на пример, побрзо малезискиот авион ќе го најдам неголи одговор од Михајло да добијам... ама ако не сакам - нема да пишувам. Али ок, Вајлд стандард претеруе, тоа не е новост.
Каде се' не сретнувате реклами по сајтови, па на форумов ли е проблем ако ги има? Нека ги има. Што ако профитирале од наши мислења, кликања, време потрошено тука? Ако ми смета, ако имам против, ќе се одјавам и толку. Или нема ни да се регистрирам. Пред да се регистрираме пишува со што се согласуваме, ама кој да чита. И нема логика на форум да се избришат коментари, цели дискусии се тука.
Ја не глеам ништо лошо во тоа форумот да има реклами и да профитира од кликовите. Профитира секоја социјална мрежа. И инстаграм профитира од тоа колку сме активни и јутуб. Фемина го користиме бесплатно, да го плаќаме членството може ќе беше поинаку. И дефинитивно модератори треба да бидат платени за работата, а од друга страна да има по некоја реклама за да се платат истите. Никој не тера никого со сила да седи овде и да пишува. @WildMk ако сметаш дека си обесправена не се зачленувај, не им прави кликови многу е едноставно. Приватна компанија е секако ќе има профит од сите на нас, а ние за тоа добиваме да комуницираме беспари, да споделуваме искуства. @Cka за твојот проблем, да глупо е да си избришана после 12г седење на форум, ама од друга страна тоа што си 12г на форум не ти дава "имунитет"-- е сега многу битно зошто и што е избришано. На твое место, треба јавно да се напише што се случило па да се види дали модератор си игра играчки, поготово кога (ако) зема плата за таа работа.
Не знам зошто толку не се разбравте. Не е спорно тоа што форумот профитира, на Валјд ѝ смета зошто и покрај тоа што на пример ќе ја банираат трајно/привремено сепак продолжуваат да профитираат од нејзините мислења а она нема воопшто пристап. Ние сме автори на тие мислења и имаме право да сме избришани по наша желба. Мене ми нема смисла да може сите мислења да се бришат бидејќи ќе немаат смисла дискусиите, нема да се гледа за што било и како било, ама ако гледаме реално на сите социјални мрежи и поголеми форуми е тоа дозволено, значи твое право е како корисник. А инаку, стварно многу луѓе го читаат форумов. Мислам дека е едно од најчитаните работи кај нас.
Јас да сакав на пример да ги контролирам моите авторски права врз мои ставови и мислења, ќе напишев книга. За мислења што сум ги пишувала во одење накај продавница, уопште не се замарам. Оти нели, своеволно, без никој да ме тера пишувам на форумов. Исто и без некакви очекувања. За реклами, сѐ дури не ми излегуваат врз мислењето и да треба да чекам да заврши, ок сум, кај сакаат нека ги стават. Мене лично овој момент ми смета. Како се појави, ко порачан Нотификацијава што се појавува на сред екран, е тотално непотребна. Ем смета, ем е дупла. Си покажува горе десно дека има нова нотификација.
Ја разбравме. Прво, бан не паѓа од небо, се добива ако се прекрши правило, зошто мора да ги премине тие граници? Нека мисли пред да пише нешто. Второ, знаеме сите дека мислења не се бришат, ни без бан ни со бан. На кој му одговара, ок, на кој не му одговара, нека не биде дел од форумов, едноставно е. Авторски права за коментари на форум...
Добро де не се правилата на форумов за век и векови, дозволено е да се коментира.Зошто тебе толку ти смета ако некој каже нешто против форумот? Тоа за авторски права си го пишува тука, не го смислив јас.
Не ми смета некој ако каже нешто против форумов. Леле, што прочитав. Само, не е во право, затоа искоментирав.
Проблемот е во нееднаквиот третман.На еден ќе му избришат, на друг не. Ако они се оградуваат од ставовите на членството, тогаш не треба да одбиваат барање за бришење на мислења. Ако е за немање смисла, па некои цели теми немаат смисла, а стојат.
За тоа дискутиравме дека треба нов кадар на модератори кои не се членови овде и нема да бидат пристрасни само затоа што се другарки и дел од кланови. Постоечкиве не ни требало да се модератори.