јас не памтам да си банирана без причина. ако не ти одговара, што идеш? не го бранам форумот, ама ти па ич не си ми јасна...
Не ми сметаат рекламите. Си ја утнала поентата. Поклонот не го зедов. Им реков да го дадат на друг/а, или да ги донираат парите.
Валда знаете дека се што се постира на интернет останува на интернет. Зошто форумов би бил поразличен?Побогу, зборче што ќе го изгуглате останува засекогаш таму. Па не гледам дека вака се буните со пораки до Цукерберг ако избришете профил да ви ги брише фотките што интернетот ги преземал? Или до Гугл да избрише историја, оти вие колку сакате можете да бришете, тоа сепак си останува забележано за навек. Може да се сложувате или не, ама тоа е вистината. Ако сакате тотална анонимност и никој да не знае ништо за вас, куќарка на планина, без интернет, без мобилен, никаков контакт со свет, бавчичка, овца, кокошка и бунарче. Толку.
На погрешно место бараш правда, за рекламите и наградите се надоврзавме отпосле. Поклонот не ти го ни пребацив, твој си е, ти си бираш.
Она што е дебилно е што Вајлд си очигледно има во план да ги прекршува правилата и да тера до лимитот се додека не стигне до траен бан и после срамота, од мене профитираат. Никој нема за ич ништо да ти забрани пристап, ако сега пишуваш и ти е океј да профитираат од тебе, тогаш пишувај по правила и нема да дојдеш до таква ситуација. Многу е едноставно да си бираш дали ти одговараат правила на форумов и според тоа да се одлучуваш дали ќе продолжиш да си член тука.
Па и кога си баниран можеш да си ги читаш мислењата веќе напишани, не можеш нови да пишуваш, не можеш да се логираш. Ама и да можеш да се логираш, напишаните мислења си стојат и секако после пола саат не можеш ни едит ни бришење. Така да не гледам која е неправдата овде. Единствено разлика прави за дали можеш нови мислења да пишуваш или не, за старите исто е.
Да преформулирам. Не мислам дека имаш план да не ги почитуваш правилата туку не планираш да ги почитуваш правилата што би те извлекло од тој бан.
Многу ми е гајле дали некој заработувал од мислењата на форумов. Баш ми е мило ако во Македонија некој има ќар од социјални мрежи. На инстаграм, твитер и фб исто заработуваат од нас странците, па сите ги користиме. Убаво е што постои место каде може да се дружиме, дискутираме на македонски јазик, да си даваме совети. Релаксација и тепање на слободното време ми е форумов. Не знам што толку се замараат некои луѓе, пари, модератори, администратори, ич не ми е гајле, не знам ни кои се газди на форумов ама секоја чест за идејата за женски форум. Некогаш какви вжештени дискусии има, јака им душа што не трпат и бришат по нас. Сум се карала по темиве месецов и секогаш било заслужено кога сум била бришена признавам. Супер е форумот, во последно време највеќе тука поминувам слободно време, другите социјални мрежи не ми се толку интересни. Не се замарајте, уживајте си, ќе се караме по темите, ќе дискутираме, ќе тепаме досада. Само манијаците мажи ми сметаат, тие дојдени за секс теми и манијачење женски, одвратни.
Јас мислам дека за бришење профили по сопствена волја треба да има правила за исклучоци. Што ако некој член имал профил со своите лични податоци и не сака профилот да постои веќе?
Мислам дека најдобра опција е да се бришат профили, но не и мислења. Пример место профилот, од страна да стои само Член и без аватар. Така и волкот сит и овците на број.
Тоа е, кога некој премногу озбилно ќе си ја сфати улогата на "анонимен член на обичен форум". Авторски права на постови, ко да збориме за докторска теза.
Абе сеа... ти ако не го разбираш концептот на 'авторско право' и мислиш дека важи само за докторска теза... не мом јас да ти поможам...