Моето мислење од црна хроника, на муабетот силување , е преместено во темата булинг. И не само моето. Ок, бар нема да испадне дека само јас ненормална, пишам во грешна гема.
Грешка при преместување, се случува. Пријави само следниот пат ако забележиш нешто вакво да исправиме.
Зошто се толерира секојдневно арогантно понашање, навредување и омаловажување од одредени членки тука?
Затоа што се едни исти мора да се во право и не смееш да размислуваш поинаку, ако не ти одговара можеш да не го користиш форумот веќе
На другите социјални мрежи ако се блокнати или деактивирале не може веќе да им се пишува, можеби за банирани и тролови тука е така?
Ако другата личност има направено да излезе од разговорот и да има кликнато избриши разговор, со тоа што се брише разговорот. Ама не знам дали од двете страни е така. Ама знам од моја страна се бришат разговорите.
Кога другата личност бил дупли профил на пример, па имал само неколку мислења без врска или провокативни ...кога ги банираат обично приметив дека и профилите им ги бришат а со тоа и мислењата и пораките и секаква трага се губи
Зошто ми ја избришавте темата и ми го префрливте мислењето во друга? Потребна ми беше анкетата на темата затоа и отворив нова пишав и во неа. @koritsaki @Mishela @black-angel ?
https://forum.femina.mk/threads/Правила-на-форумот.44/ Форумот не е место за спроведување на ваши истражувања или анкети.
И сама си кажа, тоа се привилегирани членови, имаат посебна дозвола да навредуваат и да се рчкаат овде, не можеш ти да се мериш со нив..
Ај, ќе се праиме луди Си рекламираат бизниси луѓето. Мене не ми сметаат, ама правилата треба да бидат исти за сите, нели?
Епа еве те прашувам, веќе кога посочуваш, кажи пример таа и таа се рекламирала таму и таму. Кажи што мислиш до крај.
Има што си продаваат облека, во некоја од темите second hand облека мислам беше. Еднаш регирав, после гледам пак си продолжиле по старо.
Леле ај, пошо гарант не знаеш... Даст си рекламира бизнисот, продава на форумот итн... друга членка приметив исто си рекламира бизнисот кај детските родендени мислам беше... Има и други, овие ми се најтазе. И не се од вчера Арно ама, некој друг ако дојде со дури и суптилна реклама, одма бришете, банирате итн... додека овие „етаблираниве„ членови И општо на форумов владеат двојни аршини. Сум пишувала и претходно за ова, само ти секогаш наоѓаш оправдување, нАли? А ако немаш, тогаш ме бришеш и банираш
Па, пријави кога ќе видиш. Не сум видела пријава од тебе за рекламирање. Ќе видам за @Dust сега, нормално дека ќе биде предупредена, не знам која е другата членка, да, навистина, пријави некое мислење ако ти текнува кај си видела. Не знам зошто мислите така за рекламирање, да, дури и " етаблирани" членови се и биле предупредувани.