Има многу анкети на форумов кои можат да се искористат за истражувања и слично. А во врска со мојата тема, не ми беше поентата за истражување, туку за прегледност би било поедноставно затоа што се пишуваат и други коментари во темата ама небитно. Ќе изиграваме некому мајка некому маќеа...
Нешто ја смени мелодијата. Одговор ти е даден, а мислењето е во постоечката тема каде и што му е местото.
Лично сакав да знам дали некој користи и како е задоволен, бидејќи не дремам на форумов по цели денови и ретко се уклучувам полесно ќе ми беше да видам на анкета наместо да читам непотребни коментари. Никому немаше да наштети ако постоеше недела две.
И шо има лошо у таква анкета?има теми за бебешки гомца и нивната агрегатна состојба, зашто да нема и за такви нокти? има анкета за колкава плата зиаме, колку серии сме изгледале.Сејм шит е
Да не случајно има бизнис со правење нокти, па да не прави истражување на пазарот. Не можело да го користиш форумот за бенефит на личен бизнис. ... ама рекламите не биле 'битни'. Ќе да зависи од то, кој ги зема парите.
Баш оваа анкета може да се земе за некакви истражувања а не анкетата за нокти ама небитно. Нова сум, немам привилегии ко некои
Ехе така ако гледаме, не треба никакви анкети да има. Може еве ја сакам да видам кој е веган овде и зошто, а не мора да значи дека ќе отворам вегански ресторан. @FairyHorn нема везе тоа, мислиш на нас фосилите шо сме, дека сѐ ни е простено? Ја за два месеци два пати бев банирана, и тоа еднаш на месец дена. Нема правила овде одамна
Остај, шо ти менва? Колку теми ми имаат избришано, ехеее... Ене, пред 10тина дена една летна в канта. Неќат-неќат. *Тури му пепел. Игзекли!
Баш од причините што ги наведовте не е дозволено да се спроведуваат анкети за лични потреби. Не мора за реклама да биде, може и за некоја дипломска да речеме. Па секој да става анкета за некоја своја потреба, а реално нема потреба од истата.
Е како има потреба да има анкета кој колкава плата има, или колку души би имале секс со женско, а тоа не? Може ја сум вработена у LGBT и сеа ќе го користам тоа за истражување. Као јавен е форумов, сѐ може да се злоупотреби некој ако сака.
Баш така. Шо ако докторот кој е највисоко на ранг листа, добие покачување на плата, оти му се зголемил процентот на пациенти поради анкета на форумот? Барајте му процент
Значи... Океј, правилата на форумот велат така и тоа е тоа. Се враќаме на она поназад постираното за користење на форумот и неговите услуги. И да, ако некој отворил цела тема за нокти и навел сè што му е потребно да направи едно истражување на пазарот, притоа ставил анкета дали би ја користеле услугата или не, да, за сопствени цели истражување е. Така @WildMk знаеме.
Ве молам бидете сериозни и кажете зошто би требало да има анкета за press on нокти. Многу е конкретно и може да се праша во општа тема. Ко јас сега да отворам тема и анкета дали би јаделе багет, наместо да прашам во тема за леб. И сигурна сум дека има поврзаност со нејзините претходни мислења во врска со правење нокти и тука доаѓа лична цел.
Пошо има анкети и теми за сѐ До бебешки гомна.Е затоа. И сѐ може да се свети у лична корист.Може сум еве студентка на теолошки, и ќе праам истражување колку од луѓето у Македонија се верници, и ќе дојдам и овде да читам. Поготово шо, као шо има кажано веќе Вајлд, шо и да пишеш у search искача прво ФФ.Поготово ако имаш акаунт
Процедурата ја разбирам. Правилото го разбирам. ... ама не ми се бендисват агендите. На сите вклучени... #ИнтерниМонолози.