Кажав во избришано мислење. Јер не реагирате брзо. Ако не можеш да постигнеш, најди си некој да модерира кога ти не можеш.Сто пати ти е кажано. Кога нема модератор, не очекувај да ќутиме на навреди.
Мора да поставиш модератори во тие теми, да се брише на време. Никој не може да остане имун на навреди од низок ранг. Освен тоа, грешка ти е што ја банираше претходно со рок кога се врати во СДК имаше ставено одвратна слика. Од мене толку.
Не почнува, ескалира со тоа што и враќате постојано. И педесет модератори да има може нема да е никој тука, не стоеше цел ден, два саати дали. Ама, мора да се расправа и враќа на тролови.
Да се надоврзам, синоќа избришани ми беа мислења у секунда само зашто се закачив со Вајлд. А, некогаш како да прогледуваш низ прсти на одредени членки и тоа за мизерни работи?!
Не стварно. Мора да се напраи нешто. И да има покриеност на сите теми.Ова нѐ засега сите. И јас сум кавгаџика и ‘рчкало, ама НИЕДНАШ не сум вреѓала така, поготово не и фамилии да мешам. Освен еднаш кога реков ,,дома така да им збориш” и тоа не беше навреда. Сѐ, сѐ.Ама не очекувајте јас бар да ќутам кога ми мешаат фамилија.Не сум на улица најдена да она така да се однесува со мене.Нема да ја вреѓам и ќе се воздржувам како сега, ама не значи дека треба така да праиме
За кавга двајца требаат, сама немаше ништо да постигне. Зошто не игнорирате такви? Не се вредни за толку време да им се губи.
Пошо јас не дозволувам да се јадат трици за членки кои ги почитувам. Ко некој да рече пред мене нешо лошо за моја другарка, и јас да преќутам. Башка она се убаци у дискусијата скроз офф топик
Не знам дали таа може да назначува модератори, тоа администратор нели го прави? На @Femina и' пишав лична порака, лани пред изборот за форумџика на годината, таа си дојде, си ја објави темата, помина и номинирање и гласање, ја прогласија форумџиката на годината и толку. Rainbow може неколку дена да не се вклучи и категориите кај што е само таа попара ќе бидат. Епа сега...
Ај доволно е. Да бришам пак истите навреди што ги бришев правите само со повторувањето. Како три дена модератор да не се уклучил, за два саати беше работата. Пак ќе кажам, доволно е, да не ве бришам и овде.
Реинка Место да нѐ бришеш.Трена да си вработите повеќе модератори Овде има 130.000 души Два-тројца ќе бришеш и ќе ги банираш, а другите? Треба ред да има А не кој стигне овде што стигне да збори, па зашто сме продолжувале другите Е не ќе ѝ ќутам
@Femina @Mihajlo иако никад нема да прочитате, Кога ќе ја изгасите опцијата да се чека 30 секунди за нова лична порака?
Ќе менувам телефон и пак не си го знам пасвордот? Каде можеше да се види кој ми е пасворд? Каде за фб инстаграм и сите останати апликации?
Ако користеш google chrome како пребарувач одиш на трите точки горе десно па поставки па лозинки и долу ги има сајтовите кај што си се логирала ама за да го видеш пасвордо треба да си ставиш лозинка на екранот