Како може да се направи дали некој да те заследи? Предмалку ме "заследил член" кој нема ниту 1мислење... некако језивко е ...
А што ако те следи ? Следел Не следел посекако секој може да те чита секаде . Освен во скриеното катче , каде за да читаш мора да имаш минимум 100 мислења
И ти си во право... само некако језивко ми е да вдиш дека нема ни мислење ни ништо, ко да направил профил за "следење"
Дали е дозволена употреба на погрдни зборови пцости во објавите? Не кон други членови, туку општо за општествените појави. Можеби има некакво правило за ова, ама не можам да барам, но секако сум на мислење дека спаѓа под слободата на изразување на мислења.
Да, и мене ми е ѕака језивко. Не знам ни зошто постои опцијава за следење, барем да имаше некаква корист.
Е и мене ми е језивко коа ќе видам некој дека ме заследил а има мислења само во секс темите. Особено во онаа со тројки што е Нема член таму да пишува а да не е мој следбеник . Кај ме наоѓаат да ми је знати
Заклучете си ги профилите, може да ви пишат само оние кои ВИЕ ги следите. Мирна глава, со години ми е вака профилот и не секој може да има пристап до мене. Од друга страна кога некој ќе ме заследи не се ни замарам да го заследам ниту да му жмаам на профил затоа што не може да дојде до мене на лак начин. Опцијата ИГНОР не значи дека тој не може да те следи, напротив кога ќе го отвори твоето прозорче ќе му пишува дека го игнорираш. И тоа е тоа. Пцовски не се дозволени во мислења ни општо ни кон членови, само ова правило е врти капа.
Не банираат за пцуење, погрдни зборови, па и за колнење општо, ако не е кон член упатено. Имам пријавувано такви коментари, што дека. Или е дозволено или зависи кој пишал.
Не е, но ако ти се цензурирани(да не ти ги пишува сите букви од зборот, туку *) може да ти остане мислењето. Секако да не ти е мислењето упатено кон член/ка, туку за нешто општо.