Мислењата во кафе муабети и форумски игри не се бројат, веројатно таму само пишувал и некое мислење од таму му е лајкнато.
@Lella @RainBow Не разбирам... Нели за тоа е темата? Еве го уводниот пост: *Поради законите (легислативата) во Иран ** Ако треба за друго да дебатираме во темава, прецизирајте што е тоа 'друго'?
Па треба да коментираш согласно со мислењата на Лела. Во спротивно, брише Зар не го сфати тоа толку години тука бе Вајлд?
Твоето мислење не беше за хиџабот, туку за христијанството. И е оф топик, не знам зошто се чудиш уште
Ај, не ме прај слепа сеа Со сигурност постовите не ти беа за хиџабот, туку за христијанството и сакаше со нив да докажеш дека еве, не се само муслиманите лоши, туку и нашиве а тоа врска нема со темата. Убаво ти пишале, отвори си нова тема и споредувај колку сакаш таму. Може ќе ти се придружиме и ние "мразачките" на исламот.
Не се муслиманите и/или христијаните лоши, има групи и индивидуалци во тие религии кои се лоши. Објаснав убаво, пак ќе речам... во постовите што ги избришаа. На страна то, чекам 'надлежните' да објаснат зошто беше оф-топик легислативата, кога баш легислативата во Иран е причина за смртта на еден куп жени?
Многу просто, зошто не е за исламот, темата е за исламот, не знам како не е јасно и како уште упорно мешаш.
И јас ќе се сложам со тебе. Коментарот на првиот линк кој го остави @WildMk беше: "Не е за хиџабот ама...." , а двата линка беа за христијанството.
Пишува дека постовите ми се избришани се оф-топик, затоа што не треба да се меша легислатива. Како е оф-топик легислатива, ако легислативата е причина за смртта на оние жени кои не ја 'почитуваат' таа легислатива?
И шо пишеше на посто друго? Дека така изгледа кога религија ќе се имплементира во легислатива... правничке.