Затоа ти пишав во нова тема тоа да оди, кога едноставно не е за хиџабот. Си почнала со реченица не е за темава, ама... И после се буниш зошто било избришано.
Не зборам за постот. Објасни ми го рационализирањето за тоа дека легислативата е оф-топик, во тема каде легислативата е причина за смртта на тие жени во Иран? 5 пати препрашвам и не ми одговараш на прашањето, туку се користиш со дел од пост кој го избриша.
Не, не. Ова не е заебанција. И Христијанството да е закон, ќе биди како во Хендмејдс Тејл или нешто такво. Истиот муабет е. Религија не треба да условува легислатива. Било која религија Во Уставот ни го пишува ова
Зошто? Хиџаб колку што знам се носи моментално само во исламот, не е работата да смислуваме хипотетички ситуации само за да биде "еднакво".
Ама темата е Носење хиџаб со исламот. Не е за било која религија. Се буниш безврска овде, отвори нова тема за тоа што мислиш да го искажеш.
Оти ги правите сите муслимани исти, затоа што во Иран убивале жени. Ако одиме по таа логика, заради ЛДФС и свештениците кои се педофили, треба да ги нарекуваме сите христијани педофили. ... а не се... ... или се? Паралела се вика. Се користи во дебата.
Нема потреба, вие веќе ги нарековте 'сите муслимани исти' во таа тема. Повеќе пати... ...не го почнав тој муабет, само се надоврзав со мое гледиште за таквата прокламација. *впрочем, заради тоа добив бан. ... и по се' изгледа дека уште еден е можно да добијам
Селективно читаш вајлд. И една друга упати секакви гнасни работи спрема христијаните,ама немаше те тебе да скокаш вака. Како и да е, има си модератор, што сакате правите.
Ќе запрам, ако ја редефинираш темата и ако не банираш луѓе кои се надоврзуваат на веќе постоечки коментари.
Нема да ја редефинирам темата зашо има конкретна намена. Ти реков да отвориш нова ако сакаш нешто друго да се дискутира, да се направи паралела или како и да си замислила. И потоа се чудиш зошто си банирана, па неправедно било, или си била некаква мета. Еве, го оставив ова овде место да се објаснуваме по пораки, зашто ти нели сакаше јавно да е. Ем одиш оф топик, ти се укажува, при тоа не си банирана, ти не го прифаќаш тоа, упорно продолжуваш со коментарите и на крајот неправедно си банирана. Уште еднаш ќе повторам, отвори нова тема, таму си оф-топик. Знам дека тоа нема да се случи, само ќе продолжиш со истото додека не си банирана, зашто никој нема време цел ден да се објаснува и да брише една личност, па потоа ќе бидеш неправедно банирана. Ама еве, да видиме.
Најчеста причина за бан ти е пошто не почитуваш граници и зборот не. Биди реална. Во темана се што сакате да знаете за религија 99% од расправите кога ги има се поврзани со христијанството, Така да не дека тоа не е критикувано. Има една тема само за исламот. Или можеби си за секаква критика против религија генерално? Дури и да си...that's really a you problem. Не може да го напињаш цел форум зошто само тебе лично ти смета нешто.
Леле кога ќе се фатиш за нешто.... Па по сите теми се прават генерализации за сѐ друго, мислења кои и ти ги пишуваш, ама сега наеднаш проблематична е темата за хиџаб? Ај ај.
Се мислев дали да пишам или не, но најдругарски, немам лоша намера.. @WildMk кога и да ја отворам темава последниве два-три месеци, секогаш ти имаш некаков проблем. Не може сите да не чинат и да грешат, а само ти да си во право. Ова е место за релаксација, не го сфаќај толку сериозно и не си прави нервози и кавги наоколу.