Темата е за носењето хиџаб во исламот. Го опфаќа и тоа што се случува во Иран поради, погоди, носењето хиџаб во исламот. Дискусијата опфаќа зошто се носи, дали мора, дали не, каде да, каде не, значи, конкретно за хиџабот. Не опфаќа во христијанството дали се носело, што се носело, зошто не се носело. Толку, ако имаш нешто на тоа да пишеш, пиши, ова овде е веќе и повеќе од доволно.
Ок, Вајлд ојде офтопик. Ама, јас имав пишано дека треба да се измени темата.Да биде изменет насловот оти се создава хаос. Хаосот почна откако една ситуација зборена во темата за хиџаб се префрли во темата за Иран. Воведот уште е за Иран, а се пишува и општо за Исламот. Едни зборат дека не се сите Муслимани исти, други не го прифаќаат тоа само оти не познаваат модерни Муслимани.Темата нема јасен правец. Реин е крива, не Вајлд.
Е сега, ем оф топик била, ем пак јас крива. Ситуацијата во Иран потекна од носење на хиџаб. Затоа и се збори и за хиџабот и за Иран, зашто е поврзано и едното потекнува од другото. Ама, за христијанството секако не е.
Шо збориш бе?! Ако е така, тогаш тек за христијаните колку има верска нетрпеливост на форумов, ехехееее ама не те прочитав да се буниш за тоа негде?
Фала ти, ќе бидам. Туку, да гледате сите помалку да се навредувате, па да не морам, би било уште подобро.
А кој те навредил тебе лично на темата? Дали ако јас кажам критика за конкретната ситуација во Иран и за тоа дека хиџабот не треба да биде принуден, тебе те навредувам? Дали ти се поистоветуваш со сите муслимани? Па и со тие во Иран? Пошо, за разлика од тебе, јас не се поистоветувам со сите христијани. Баш ме заболе ако почнеш да плукаш по поповите, пошо знам дека се гнаси. По црквата такоџе моеш да плукаш колку сакаш, мене не ме допира а и по другите христијани плукај колку сакаш, јас лично нема да се чувствувам навредена, пошо како што кажав не се поистоветувам со сите христијани. За разлика од вас кои (ова е добронамерна критика) одма го дигате гардот само ако некој зуцне лошо за исламот. Ич, ама ич не сте објективни. Толку ќе кажам.
Не, не дремам нон стоп на темата. Ама, те читав тебе и некои други членки за кои генерално имам ок мислење и ич не сте објективни. Го редактирав мислењето погоре, да не се повторувам пак.
Леле аман заман со вакви политички коректни срања, човек не може мислење да каже, и кој треба и кој не треба навредени се наоѓате.
Не знам зошто се изостави самата себе, не си исклучок од тие што навредуваат. Ќе разгледам подоцна, ќе дополнам вовед ако треба за да биде појасно. Инаку, иде празнично време, навистина добро би дошло да нема толку расправии, во последно време ретко каде има тема, а да се дискутира без лични напади и навреди. Тоа на сите ни е само трошење време и на вас во пишување и на модераторите во бришење. Изнесете мислење без дрзок тон, од таму почнуваат расправиите, веднаш сите се фаќаат за тоа како е напишано, наместо за тоа што е напишано, а тоа никому не оди во прилог. Ајде колективно да земеме длабок здив и да издишиме ако може.
Епа видиш, селективно слепа си за навреди. Мене ако сум навредила, си ме банирала. Како и Вајлд. Ама другите, твоите истомисленички, не си ги банирала при навреди. Остај, не сме од вчера тука. Инаку, само еднаш сум навредила, неповрзано со религија, како контра мислење на навреда на жена. Не ми зборувај барем ти за тоа.
Моите истомисленички? И со вајлд некогаш се согласувам, и со тебе, и со други, некогаш не. Ти само еднаш си навредила? Не би рекла гледајќи ги пријавите, ама ете, еднаш си била банирана. Како на пример ова. И често дискутираш со дрзок тон за кој исто би те замолила малку да го намалиш, за да може нормално да тече дискусијата.