Поставив прашање овде уште пред 2-3 недели, баш ме интересираше кои се критериумите за бан кога членови користат навреди, еве уште чекам. А како тргнало на форумов само модератори и друшките нивни ќе си останат муабет да си прават и да си се оговарат на раат
Не се банира веднаш, се предупредува членот, се упатува на правилата и препораките, потоа следува бан од тема, ова не важи за членовите кои го прекршуваат правилот за лп, тие веднаш се банираат од форум. За другите имаме максимално трпение, но кога и понатаму се прави истото веќе следуваат банови од форумот, односно кога по милионити пат се прави истото и некој веќе знае дека за навредата ќе добие бан, ама и покрај тоа, упорно си продолжува да си навредува. Значи, не навредувајте, толку е просто, и да ве навреди некој пријавете го само, не мора да враќате со уште полоши навреди, како што гледаме и дека често се случува. И да, не се навредувајте наместо да прашувате за која навреда дали има бан или нема бан, форумов подобро место за сите ќе е.
Пријавив за навреда лично упатена кон мене, додека јас никој немам навредено овде. Други членки добија банови за многу помалку, како недолични коментари. Ама сѐ е јасно, се гледа накај се тера овде одамна, сепак фала на одговорот, редно беше. Со среќа, ќе ви треба.
Добиле банови зашто сигурно не им било прв пат. Инаку, од пред десет години се гледа, се гледа, еве фала богу, тука сме, 13 години веќе. Ќе си тераме и уште, само со малку повеќе колективно трпение, се надевам.
Јас мислам дека проблемот е што не се банираат трајно, оние кои секогаш се банираат за навреди. Не може 10 банови да имаш и пак тука да си. Ама ок, ја разбирам политиката на форумов. Без драма, нема да има читаност.
Јас имам едно прашање, зошто дозволувате да има мажи? Мислам дека кога не се прикажува дека е маж и коментира шта је ту је, некогаш неможе ни да се примети, меѓутоа кога член овде, постојано става слики и во постигнати резултати темата и во модни критики зошто? Јас сметам дека ова е женски форум и мене лично не ми прави задоволство да му ги гледам мускулите. Да си прашам само
Зошто има некои што не им смета и сакаат да гледаат мускули кај мажи Ако некој член не сакаш да го гледаш и читаш, било машки или женски, само стисни игнор.
Не е за мускули, за постигнати резултати е. Јас на пример постигнав да ги облечам фармерките денес, само не ставив слика
Добро бе ко гола мечка да си видела. Одбегнувај ме или игнорирај ме, знам дека од нигде никаде се повикав ама често омилени теми ми се тие и си споделувам слики.
За да те фатам, фатена да одиш по улици. Кате, Солунска Патрдија, 2022та. Волим те Нарцисо, волим и тебе Реин, сори што спамаме <3
би било добро.. за годишните награди.. да се воведе некоја новина... пример... пост со најмногу лајкови, или најинтересен кометар, најсмешен, најмудар и слично...
Што да правам кога имам непристојни пораки? Добивам разно разни пораки, што све би ми правеле, дали користам други социјални мрежи па да се додадеме, ова она, па се до понуди за секс. Има опција да блокирам некој член? И како?