На Вајлд само што и' истече банот, се врати и почна пак да вреѓа, ко за инает. Заслужува да е траен бан, не може така 1000 шанси да им се даваат на некои. Една малечка самата одлучила да не е активна веќе, се надеваме само дека е добро.
Ќе ви текне ли некогаш да ставите опција да се блокираат членови да не може воопшто да нѐ контактираат? На секоја социјална мрежа и форум постои блок, освен на фемина секако.
Небитно, јас лично ги пријавив мислењата и плус во порака и' ги пратив на @RainBow . Сега избришани се, нормално.
@Femina @Mihajlo кога побогу ќе ја тргнете опцијата да не може да се пишува мислење во следните не знам таму колку секунди или минута време беше? иритира глупаво е беспотребно некои од нас можат да искуцаат уште 2 мислења за тоа време некогаш може итно/одма сакаме да пишеме нешто, а нема да можеме јуслес е
Ќе почнат да спамуваат рандом нови членови со по 36277273 мислења одеднаш во сите теми, затоа е ставено тоа.
Е таму мора малку построго, не ми се отвораат тие теми од језиви ликови што само по тие теми никнуваат
No offence, ама дали сте здрави? Шо ви е проблемот со мене бе? Мислењето беше: Хола бичесс Прва трета смена во 2023. Не е чет тема? Сте отвориле некад да видите шо пишуваме во Трета Смена? Иста е како СДК, како 40ка, како ФМЌ. Буквално си чатаме. Затоа се вика трета смена на форумот, за да навечер си правиме муабет, да се дискутираме, да се забавуваме. Загреота сте бе Како шо тргнавте форумов ќе стане една дупка. Да се аргументира не смее Да се контраш не смее Чет теми не смее И шо да праиме? Да лајкаме само и да ќутиме?
Буквално се можно бришат До кога вака форумов ќе ви функционира? Најнормален муабет праевме. И мене ми стигна истото А, тој другиот шо пиша во 7 саат не му го избришавте