Знаеш како, “постои чет” е power мove шо не се користи кај привилегирани. Останатите изгледа малоумни сме..
И тоа е избришано. Лично против тебе? Зошто? Нит те знам нит те познавам. А ова со третава смена не е ни прв пат, веќе неколку пати се случува, не е дека ти сега дојде во темата па е проблем. Знаеш дека може да има катче каде луѓето лабаво си муабетат и други категории каде се дискутира на други теми, кои се посебни теми и треба да си бидат он-топик? Не е црно или бело, ако е цел форум чет, или да нема никаде чет. И ти си уште тука, иако генерално за мрчење, ама пак пишуваш и се вклучуваш во темите. А сите место да си го трошат времето на пишување на мислења во склоп на теми, да не се навредуваат, би придонеле многу повеќе, отколку само со константно критикување, а не решавање на проблем што сметаат дека го има. Никој нема да ве брише доколку пишувате на тема и без лични напади. Би сакала и јас да се вклучам и да пишувам, ама наместо тоа има секогаш куп пријави за навреди по темите и не останува време на крајот.
Ох душа страдна, од нас не можеш да пишуваш на форумот иначе си прекреативна и имаш што да кажеш. Бу факинг ху. Смешки живи чекај да заплачам над твојата судбина.
Не мора, немој молим те. Имам кој да ме жали кога треба. Само се обидувам некое време да ви укажам нешто, ама ништо. Можеби во новава друго ќе е.
Тешко, не знам календарот како ќе смени да сфатиме, научи да имаш поента прво кога сакаш да напишеш нешто. Не можела да пишува од пријави на дискусиите, време немала, у колено ќе си пукам.
Самиот наслов на темата покажува дека е за лабав муабет за тие што седат касно. Ако смета што некој пишал во осум сабајле, тогаш темата да биде заклучена од 8 сабајле до 8 навечер.
Се што требаше да се среди на форумов средивте, па сега дојде на ред да се оправате кој во колку саат пишува во трета смена.
Јаката тема, мислиш кој знае што сериозно се пишува таму па сега се фативте за во колку саатот пишувале членките За какви сериозни навреди ништо не се превзема, сега дојде ред да се бришат мислења оти биле пишани у 8 сабајле , свашта
Мислам дека е многу смешно што две страни дискутираме (не баш многу прибрано) кој кога пишал, за што и на кого му било избришано мислењето. Камо ова да ни е најголемата мака годинава, се надевам дека нема да се замарам и со вакви работи
Знам кој ни го пријавува секој втор збор Да не се пријавите, @@RainBow немаше да ни ги брише цели дијалози
Кога сме кај правилата на форумов, во темата гатање и баење многу правила се прекршуваат. И не се само две-три мислења што се против правилата па да се пријават и избришат, туку цела тема треба да се избрише. На прсти не се брои колку пати сме реагирале за темата, ама испаѓа побитно е во колку саат се пишувало во трета смена.
Кога веќе се разила дискусија за модерирање, имам прашање до @RainBow. Зошто бев баниран од темата Форумџика на годината, без никакво образложение и известување? Изговорот за офтопик не ми го давај, оти целата тема е офтопик, си се правеше муабет ко на чет Би ставил скриншат од мислењето што беше избришано и заради кое добив бан за да се види јавно, ама немам, па еве може ти да ставиш оти сигурно имате log, па и објаснување да добијам секако. Благодарам
Има и други членови адвокати ко @Forca пример кој убаво ги обликува и формулира мислењата, мерак ми е да го читам за да можам да го разберам. Луци ем не завршила ем распрдено се однесуваше, па уште пиша толку ниско мислење на една членка. Таква особа не заслужува да е дел од заедницава.
Ова важи ли се уште? Немам сретнато вакво нешто. 12. Бришење на профил Можете да побарате бришење на вашиот профил, при што: Сите ваши податоци ќе бидат трајно избришани од вашиот профил и од нашите сервери (име, пол, датум на раѓање, локација, професија). Профилот нема да постои повеќе, односно нема да може да биде разгледуван од останатите корисници. Профилот нема да може да се врати назад. Содржините јавно објавени преку профилот ќе бидат означени со псевдоним од типот „Избришан корисник 123456“.