Реин? Може не си прочитала, да се повторам. Се надевам ќе потрошиш една цела секунда време за да одговориш. А можеш и темата за бан да ја апдејтираш. @RainBow
Една недела без форум брзо поминува,ама последиците од булинг траат цел живот. (слободно избришете го мислењево,оти нели оф топик )
Ова го приметив во темата ,,Што слушате во моментов,,.Зошто не може да се стават повеќе од 5 линка на кои ќе им се покажува како сликата и името на песната?
Оф,не.Видов дека еден член има ставено околу 10-тина линка и само на 5 од нив им се покажува сликата.
@RainBow може ли да ги избиришеш темите на @NaniEli ? Една иста тема ја поставува во различни категории кои не се соодветни за тоа? Или премести ги во соодветна категорија
Мислам дека цела категорија "секс" треба да се премести во скриено катче и да не може ниту да биде читана, ниту пак да може да пишува секој. Ај што пишуваат мажи кои не знаат да напишат една кохерентна просто проширена реченица, 90% од нив се дојдени да ги манијачат жените и да ги спамираат темите. Сигурна сум дека ниедна жена не се осеќа безбедно да напише таму, затоа што гарантирано е дека некој неебит ќе и се закачи. Мислам дека ако се премести таму членките ќе добијаат поголема безбедност и сигурност да можат да споделат некоја своја желба или интимност без при тоа да се стегаат дали треба да заклучат сандаче. Сега тие теми немаат муабет, имаат само некои прости коментари како последниот во анален секс од еден господин кој пишал дека како маш тој си сака, ама курот не му го примале често на гости таму. И се се некои такви коментари од профили кои не пишуваат често, туку само такви прости коментари на такви теми и после коа никој не ги рецка исчезнуваат. Сексот е убав и за жените и не е убаво да умре една цела категорија ради манијачишта. А и ни треба такво катче каде ќе се осеќаме сејф доколку коментираме на тие теми. Размислете.
Таа тема е за едукација повеќе, а ако ја стават за да можат да ја читаат само членови над 500 испратени мислења која е поентата.. Мислам ако веќе имаш над 500 мислења колку толку си отворил низ таа тема, си се едуцирал, си прочитал, која е поентата само на едуцираните' да им биде достапна? Ќе се изгуби поентата на целата категорија.. Си видела ли членка која е со години на форумот да се трипа и да прашува дали од триење и плус испиено Норлево може да остане трудна?